– 6 февруари 1946г.во Прилеп роден е Благоја Спиркоски -Џумерко, а почина на 11 јуни 2015-та.Оствари огромен број на улоги по кои ќе го паметиме вечно, но неговиот пиедестал во кариерата е улогата на Итар Пејо во ТВ драмата „Солунски патрдии“.Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-та година.

–6 февруари 1893.- Во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.
–6 февруари 1945.- Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа-Детска Градинка “Орце Николов”.

-6 февруари 1958 година ,најцрниот ден за Манчестер Јунајтед и светскиот фудбал.Овој ден е најтемниот ден во нивната историјата, еден од најтажните денови воопшто во историјата на фудбалот, ден кога во авионска несреќа загинаа 23 луѓе, вклучувајќи осум играчи и тројца членови од управата на тимот од Манчестер. Минхенската авионска несреќа, како што ја нарекуваат на Oстровот се случила на денешен ден во 15.04 часот. Инаку, тимот на Манчестер Јунајтед претходниот ден одиграл фудбалски натпревар за паметење. Играл нерешено со Црвена звезда – 3-3 во четвртфиналето на Kупот на шампионите. Бидејќи во првиот натпревар на Островот, Јунајтед победил со 2-1, овој тим се квалификувал во полуфиналето. Но, наместо во полуфинале, осум играчи отишле во смрт. Времето покажа дека тие сепак од Белград отпатувале во легендите.

–6 февруари 1985.- Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. По завршувањето на првата светска војна активно учествуваше во македонското комунистичко и националноослободително движење. Притоа тој стана раководител на Месниот комитет на ВМРО (обединета). Во 1929 година кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, е осуден на робија. Подоцна активно ја помагаше НОВ на Македонија, поради што беше и интерниран. Роден е во Велес, во 1892 година.
–6 февруари 1992.- Република Турција ја призна Република Македонија.
–6 февруари 1995.- Два вселенски брода од по 100 тони – најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години.

–6 февруари 1996.- Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија.