„КАЛКУС“- ИЛИНДЕН

0
226


Ова е единствена чешка фамилија која во Илинден се доселила во 1922 година.

 Доселени се по падот на царска Русија каде и тие порано живееле.

ВАЦЛАВ И АНА КАЛКУС

Според кажувањата на Јарослав нивен потомак кога дошле во Скопје барале каде да купат имот во околината на Скопје. Во тоа им помагнале сопствениците на скопска пивара,исто така претходно доселени чеси,им дале чеза да ја прошетаат цела скопска околија,со цел да побараат место кое би им се допаднало да го купат.

По неколку дневна обиколка на скопска околија, одлучиле да се населат во тогашно Белимбегово-денес Илинден.

Како една од главните причини за изборот да биде Илинден е тоа што им одговарала местоположбата за нивната намера да се занимават со земјоделско –сточарските работи ,а како главна причина за изборот на Илинден сепак била железничката линија која поминува низ селото. Прв се доселил  Вацлав со неговите три сина: Андреј, Владимир и Јермил.

По нивното доаѓање откупиле големи површини земја, подигнале живинарска фарма (порано позната птицеводна станица-Калкус), го развиле земјоделското, градинарското и овоштарското производство, со примена на современи агротехнички методи, непознати дотогаш во Илинден и околината.

На вака напредното сточарско –земјоделско производство месното население на почетокот некако гледало со недоверба, но со време ваквото напредно земјоделско-сточарско производство биле прифаќани и применувани од месното население.

Покрај тоа голем придонес дале и во описменување на особено вработените кои работеле на нивната фарма, имаат влијание за унапредување на севкупниот живот на месното население.

Но, како и другите побогати лица, по ослободувањето во 1945 година, најпрво им бил конфискуван целиот нивни имот, а потоа биле судени и притворени од тогашната власт.

 Денес, во Илинден, живеат семејствата на Миле и Светлана-потомците на Јарослав.

Инаку, Јарослав бил син на Јермил, кој починал многу млад брзо по доселувањето.

Андреј, бил високо образована личност. Во Париз студирал уметност заедно со Бранислав Нушиќ. Токму поради тоа, додека Б. Нушиќ извесен период бил на служба во Скопје, често пати доаѓал во Илинден на гости кај Андреј.

 Братот на Андреј, Владимир, доживеал длабока старост и до крајот на животот останал да живее во еден од објектите во кругот на живинарската фарма „Белимбегово“.

Благодарност за Светлана Гешева потомок на овој род  за испратените фотографии и пишан материјал за родот Калкус.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************


Претходниот артикал,Момчило Ристовски –атлетичар -рекреативец
Следната статија-Лукавиот трубач Ахмед Адемовиќ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука