Род МЕРЏАНОВИ-Илинден

0
30

По кажувањата на потомцити на Мерџанови, оваа галабија ја сочинуваат три рода.

Едниот е семејството на Мијајле кој тука се доселил непосредно по Првата светска војна.
 Од тој род потекнува Панушко, кој имал два сина: Санде и Милан.

 Санде во 1956 година се отселил во Скопје, а од потомците на Милан денес тука живее неговиот син Сречко.

Три куќи од вториот род на Мерџанови во Илинден се доселил во 1927 година од с. Бродец.

Тука се доселил Столе со своите три сина, од кои, во Илинден останал да живее Александар, додека другите се отселиле.

Третиот род произлегува од Мирко бил оженет со Анушка,имале четири сина: Бојко, Никола, Цветко, и Анѓелко  и две ќерки Митра и Илинка.

Бојко, син на Мирко и Анушка оженет со Ката нивни деца: Јовица, Љупчо и Драган.

 Никола, син на Мирко и Анушка, оженет со Марија  од Риека- Хрватска нивни деца се: Марина, Евелина и Џони.

Цветко, син на Мирко и Анушка , оженет со Десанка од Србија нивни деца се: Драган и Душко.

Анѓелко, син на Мирко и  Анушка , оженет со Ружа , нивни деца се: Боро, Славе и Славица.

 Митра, ќерка на  Мирко и Анушка омажена за Ќоќоровски нивни деца: Борче, Бранко и Румена.

 Илинка , ќерка на Мирко и Анушка, омажена за Живко од Марино и имале три деца: Гордана, Крстана и Боби.

Денес од Мерџанови во Илинден живеат пет семејства. Куќна слава им е „Св.Врачи„. Податоци за родот добиени од  Славе Мерџановски.

Претходниот артикал,Род ТРАЈАНОВИ-Илинден
Следната статијаВлезниот дел на Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука