Основачот на семејството, Ангеле, во Илинден се доселил во1947 година од с. Сопиште. Таму припаѓале на родот Ристовци.
*Ангеле имал пет сина: Благоја, Милан, Орде, Љубе и Анте и две ќерки Даница и Павлина.
-Благоја првиот син на Ангеле не оставил пород.
-Милан вториот син на Ангеле бил во брак со Зора и имале две деца син Тихо и ќерка Виолета.
Тихо,син на Милан има две деца Дарко и Ивана.
Виолета, ќерка на Милан има три деца: Виктор, Филип и Тео.
-Јордан третиот син на Ангеле, бил во брак со Петкана и имале два сина: Коле и Саше.
Коле, син на Јордан имал две деца Марко и Петар.
Саше,син на Јордан има две деца Јордан и Симона.
-Љубе четрвртиот син на Ангеле,бил во брак со Марица нивни деца се: Жаклина , Трајан и Стојан.
Жаклина ,ќерка на Љубе мажена во родот Крстевски во Илинден има две деца Стефан и Фросина.
Стојан ,син на Љубе има две деца Ангела и Софија.
-Анте петиот син на Ангеле е во брак со Славица имаат две ќерки Ана и Елизабета.
-Даница,ќерка на Ангеле е омажена за Миле Здравковски во Илинден .
– Павлина, ќерка на Ангеле омажена е во Србија.
Денес, во Илинден, има пет куќи чие фамилијарно презиме е Секуловски. Куќна слава им е „Митровден„.
Благодарност за Саше Секуловски ,потомок на овој род за приложените податоци
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************