Колку села има во Македонија

0
140

– На територијата на Македонија има вкупно 1 730 села, а според нивната големина се класифицираат на големи, средни и мали села

 -Според пописот од 2002 г. поделбата на села според бројот на население била:

1.Големи села (над 801 ж.)такви има 294 села.

2.Средни села (од 301 до 800 ж.)такви има 345 села.

3.Мали села (до 300 ж.)такви има1.091 села.

 -Дури 63 % од вкупниот број на села имале помалку од 300 жители, наспрема 19,9 % средни и 16,9 % големи села.

– Од селата кои се класифицираат како мали, дури 776 села имале помалку од 100 жители, а од нив – 139 села се сметаат за целосно раселени без ниту еден жител. Останатите 637 села со најмногу до 100 жители се карактеризираат како села пред изумирање кои ги живеат последните години од своето постоење како „населени“ места -Дури 74 села со помалку од 100 жители имало во Пелагонија (39 с. во Битолско и 35 с. во Прилепско), потоа 40 с. во Порече, 32 с. во Штипско, 31 с. во Овче Поле, 30 с. во Тиквешијата, 28 с. во Мариово, 26 с. во Козјачија, 25 с. во Злетовско, 23 с. во Славиште и Дурачка Река, 22 с. во Демир Хисар, 21 с. во Јуруклак, 20 с. во Копачка (Кичевско), 18 с. во Дебарца, 17 с. во Клепа, 16 с. во Осоговија, 16 с. во Горни Полог итн.***

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-19 ЈУНИ
Следната статијаСвадба на Пане и Летка-1972

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука