Тамара Ангеловска

0
132

ТАМАРА АНГЕЛОВСКА- на фотографијата од нејзиниот настап во Москва.
Уште една објава за наши сограѓани, успешни на меѓународен план, во областа на музиката.
С е однесува на Тамара Ангеловска ,за нејзиниот успешниот настап на меѓународниот АРТ фестивал кој се одржа во МОСКВА од 09 до 14 февруари 2016г.
На тој фестивал, во огромна конкуренција Тамара го освои третото место во категоријата вокал.
За неполна година оваа и е трета голема награда освоена на меѓународни музички натпревари.
Имено ,на оваа трета награда и претходеа нејзините награди ГРАН-ПРИ што таа ги освои во Анталија –Турција и првиот лауреат на фестивалот во Хаифа Изреал,во 2015г.
Посакуваме да имаме прилики да објавуваме што повеќе вакви објави,за успеси и на други наши сограѓани ,во разни области.
Иако нашата подршка е само од морален карактер ,се надеваме дека и како таква, истата ќе биде доживувана, како еден ветер во грбот ,кој ќе им помогне да се искачат по трнливиот пат до нови успеси.
На Тамара и посакуваме да ниже уште поголеми успеси во нејзината музичка кариера,со надеж дека нејзиниот успех ќе бидат поттик и за други наши сограѓани.

Претходниот артикал,Боби Павловски
Следната статијаМалибу Бенд

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука