АНПИ „ИЛИНДЕН“-Илинден

0
201

Во своето десетгодишното активно постоење КУД „Илинден“ беше едно од поактивните друштва во градот Скопје и учесник на сите поважни манифестации во Илинден, Скопје , Македонија и во поранешна СФРЈ. За жал, овој успешен тренд на развој бил прекинат поради немањето доволно материјални и финансиски средства 90-те години од минатиот век .

Сепак, големата желба за враќање на вредностите на културното живеење меѓу младите, придонело на 11 март 2012 година, од страна на поранешни членови игрaорци ,поранешни членови на управните органи и симпатизери на друштвото дојде до повторно активирање на Друштвото, односно до негова пререгистрација под името Ансамбл за народни песни и игри ,или скратено „АНПИ-ИЛИНДЕН.

Во изминатиот период Анпи Илинден е место кадешто малите и младите наши деца го пронајдоа своето место за задоволување на своите фолклорни афинитети како за  свое фолклорно достигнување, така  и за афирмација на нашата населба, општината и пошироко.

За своето 12-годишно постоење Анпи Илинден, го покрива културно уметничкиот простор на сите  манифестации што се одржуваат во нашата општина и пошироко, со своите 50-на активни членови.

Со друштвото раководи поранешниот играорец на КУД Илинден, Зоран Павловски-Џиковци од Илинден.

Кореограф на Анпи Илинден е Драгана Михаиловска, која е поранешен член на друштвото , денес активен член на Ансамлот Македонија и студент на на Факултетот за етнокореологија.

Претходниот артикал,ФК Миладиновци
Следната статијаДенес прославен Св. Трифун и во Бучинци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука