До пред 30-на години снабдувањето со вода за пиење во Илинден и поголемиот број околни села беше еден од поголемите проблеми за населението.
Во Илинден со околу 5000 жители и Основно училиште со околу 1500 ученици со вода за пиење се снабдуваа од две -три јавни чешми направени непосредно по земјотресот.
На фотографијата е чешмата во училиштето ,а девојките се Славица и Сунчица Даниловски од соседно Марино од каде и еден дел од населението се снабдуваше со вода од оваа чешма.