*Оваа фотографија е снимена 1945/50г.,на истата е Цветко Петрушевски од родот „Дончевски“ и( Благоја Нацевски) од родот „Савеви“ и двајцата се родени околу 1930г.
Во облека карактеристична за млади беќари,сепак еден од поголемите проблеми во тоа време биле обувките.
Како што се гледа на фотографијата и двајцата обуени во кожени опинци, што секое семејство си ги припремало од кожата после колење на некој вид добиток во семејството.