Зошто секоја објава за поранешниот Дом на култура Илинден предизвикува многу емоции…

0
327

Се однесува на стариот Дом на Културата Илинден, секоја објава која е поврзана со него пропратена е со многу емоции и носталгични коментари, а ЗОШТО???

Затоашто многу од нас жителите на Илинден и околните села,тука во него доживееја многу чуства на нешто што за  прв пат го доживееле.

Така,од неговото отварање 1952 година, па се до 90 – те години,во него се одржале безброј разни манифестации и народот за прв пат тука ги доживејал,почуствувал.

Тука мнозина од нас за прв пат биле на некоја културно уметничка приредба или  промоција,за прв пат во живо сме виделе афирмирани имиња од музиката,фолклорот,културата,политиката,за прв пат сме виделе некој филм,тука сме ги изучиле првите букви и пишувањето на коси,прави и други црти,тука сме побарале некоја здраствена услуга,тука сме почнале со предучилишното забавиште,тука сме го рекле судбоносното брачно „ДА“,тука некој за прв пат облекол спортска опрема, тука сме го слушнале и изговориле зборот„АЛО“.И уште многу доживувања и настани што сме доживејале во него.

A,кино салата додека беше со прописни димензии со висина како на долната фотографија ,на тој ѕид во 60-те години од минатиот век се прожектираа разни, а особено партизански филмови, полјанката до домот беше исполнета со народ затоашто едноставно за прожектирање во салата немаше место за сите посетители.

„КООПЕРЦАЦИЈАТА“ ни била посебна приказна ,каде се до земјотресот и некоја година по него кога та ни беше единствена продавница за универзално снабдување за жителите од Илинден ,Марино па и пошироко.А, пазаерњрто обично се одвивало кога едниот продавач го симнува моливот од уво и прашува што сакаш ти кажуваш тој запишува ,а тој потоа ти се обраќа со „друго“ и така додека не се заокружи порачката ,тука се наплатува и со листот одиш кај другиот продавач да намири на се она што е порачано, односно запишано.

Другиот начин пазарување беше како претходниот запис само наместо готовинско плаќање сето тоа одеше на „вересија“ се пишуваше во тетратката и кај продавачот и кај купецот ,а плаќањето на плата или кога си во можност.

Претходниот артикал,ФК Илинден во 90-те
Следната статијаБожин и Милица Љошевски-Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука