Да ,ово не е годишно време на свињокол,поентата е да се потсетиме на едно време кога секое домаќинство пред за свои потреби , а некои и за пазар си одгледуваа свињи,телиња,ситна живина…
Да, се чуваше ,ама и се јадеше право месо,чварки,маст што денес речиси и неможе да се види.
Покрај ова, тоа беше прилика за маалско дружење почнувај ќи од колењето ,па вечерта на свинска(глава)- слава.
Инаку, фотографијава е од еден таков момент кај Раде Десподовски од Илинден во 1990 година, каде се коле заедно со комшиите и другари и пријатели од Марино и Петровец.
Инаку Раде меѓупрвите донесе нови сортни вепри од некоја фарма со кои се измени дотогашната раса на свињи.
На фотографијата од лево на десно:
Крсте Гауров, Цоне Станковиќ, Драги Џигер – Петровец, Столе – Марино, Рашо Десподовски, Љубе Рампо – Петровец…