На 26 јули оваа година во домот на култура Илинден –населба Илинден ,под наслов „Шепотот на Боите“се одржа самостална ликовна изложба на нашиот сограѓанин Трпевски Зоран –аматер сликар.
Богатиот број уметнички дела повеќе од 40-на, од областа реализмот,пејсажи и мртва природа, предизвикаа восхит меѓу поситителите ,а пак Зоран беше особено задоволен од големата посетеност од бројни симпатизери на уметноста од нашата општина и пошироко.
Изложбата ја отвори и нејзин промотор беше Академскиот сликар Новица Трајковски ,а покровител на истата беше Градоначалникот на општина Илинден Господин Жика Стојановски. На изложбата исто така беа присутни голем број врвни личности од уметноста ,културата ,меѓу кои и живата легенда на македонската музика Влатко Стефановски и други.
Со оваа богата изложба Зоран Трпевски даде голем придонест во брзиот културен развој на нашата населба и општината.
Населба Илинден на Зоран Трпевски ,му посакува успешно уметничко творештво.










































