НА ДЕНЕШЕН ДЕН -11 ЈАНУАРИ

0
348

  

* 11 јануари 2000.- Во селото Арачиново, Скопско, пред стадионот на фудбалскиот клуб „Шкендија“, убиени биле тројца припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (Ерол Готак – на 27 години, Кирил Петрушевски – на 23 години и Ацо Ангеловски – на 26 години).

* 11 ЈАНУАРИ Во 1909 година во Гевгелија е роден Иван ДОЈЧИНОВ-Димче Шпанецот, припадник на Македонското националноослободително  движење во Вардарскиот дел на Македонија, шпански борец и учесник во Антифашистичката војна. По професија бил металски работник. По Првата светска војна емигрирал во Аргентина и од 1932 г. По враќањето од Аргентина 1941 г. се вклучил на антифашистичката борба на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија. Бил учесник на Првото и на Второто заседание на АСНОМ. По ослободувањето ја прифатил Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен кон крајот на 1950 г. и осуден на 9 години строг затвор и на 3 години ограничени права. Казната ја издржувал во затворот во Билеќа, Босна и Херцеговина (март 1952 – 1954), на Голи Оток и во Казнениот затвор во Белград, а потоа бил помилуван и ослободен во 1956 г. Се вработил во Металскиот завод во Скопје, но бил под сомнение и пак бил уапсен во јуни 1958 г., а по шест месеци бил ослободен како невин и емигрирал во Бугарија. Подоцна, пак се вратил во Скопје. Бил носител на Партизанска споменица 1941. Починал во Скопје на 29 јануари 1991 г.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

* 11 јануари 1907.- Во Охрид умре Никола И. Чудов, македонски учител, револуционер и писател. Беше писар во Охридската митрополија, учител во Охрид и Охридско, во Струшко и во Дебарско. Особено е значаен неговиот придонес во работата на охридското друштво „Свети Климент“ и во неговиот Траен револуционерен кружок, како и во дејноста во ВМРО во Охридско. Меѓу другото ја напиша спомен-песната за дрвото Чинарот во Охрид, засадено на 19 април 1983 година, а по повод илјадагодишнината од смртта на Свети Методиј. Роден е во Охрид, околу 1865 година.

* 11 јануари 1920.- Во Скопје е роден  Славко Јаневски, македонски поет, романсиер, сценарист, сликар и академик. Во 1945 година излезе неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Бил еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 г. и негов претседател. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и на Рациновите средби, како и еден од основачите на МАНУ во август 1967 г. Неговото книжевно дело е богато и разновидно, па затоа ќе го споменеме само последното негово дело, романот „Депонија“, објавено во 2000 година. Умре во Скопје, на 30 јануари 2000 година.

* 11 јануари 1945.- Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствувале делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, била донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.

* 11 јануари 1990.- Во Скопје умре Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство кој поголем дел од работниот век го помина во редакцијата на весникот “Нова Македонија”. Роден е во Скопје, на 17 февруари 1913 година.

* 11 јануари 1994.- Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.

* 11 јануари 1995.- Република Македонија воспостави дипломатски односи на ниво на амбасадори со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

* 11 јануари 2016 година,  беше отворен Рускиот центар кој започнува да работи во рамките на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. „Руска реч на македонски“

*11 јануари 2019 година Собранието со амин од сите 81 присутни пратеници ги усвои амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и уставниот закон за нивно спроведување, со кои еден месец подоцна и дефинитивно беше променето името на македонската држава.За бришење на Република Македонија и отворање пат за „Северна“ тогаш се изјаснија сите пратеници што ја поддржуваа власта на СДСМ, вклучувајќи ги одметнатите осуммина од опозицијата, со кои беше остварен минималниот услов за двотретинско мнозинство.Инаку за тоа прашање претходно се одржа и референдум и од 1.806.336 гласачи на гласање излегоа само 666,743 или 36.91%, а неупотребени ливчиња беа 1.139,983.

*11 Декември 2021 година,на 90 годишна возраст почина академик  Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука.Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930 за со сиот свој труд и дело низ години важи за филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.

Претходниот артикал,ХРИСТИНА СИЛЈАНОВСКА ЈОСИМОВСКА-УМЕТНИК
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 Јануари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука