ВЕЛЕ САЗДОВСКИ – уметник

0
353

Жител на Населба Илинден ,од 1977г.од кога започнал да се занимава со сликарство, до денес има работено во многу верски објекти-цркви во скопско и пошироко.Веле е самоук сликар ,љубовта кон оваа професија ,цртањето икони ја носи од мали години ,а голема заслуга за ова има неговиот дедо Димитар, од кого го научил овој занает.
Веле за сликање користи растителни бои измешани со јајце,најстара техника, за изработка на икони и фрески.Во работата многу голема помош има од неговата сопруга Лепа ,која е постојано со него и заеднички живописале многу верски објекти.
Покрај цртањето на фрески и икони ,тој реставрира стари икони . Во зимскиот период, кога не дозволуваат временските услови за цртање ,тој успешно го користи тој период уште за еден негов занает изработка на народни инструменти кавали,гајди,зурли и други.
Веле и Лепа ,покрај што прават одлични музички инструменти ,тие знаат и одлично да свират со истите.
Населба Илинден им посакува добро здравје и уште многу икони,фрески и музички инструменти.

Претходниот артикал,Љупче Трајчев
Следната статијаФИЛИП БОЈКОВСКИ – фотографер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука