Меѓу овогодишните учесници на традиционална ликовна изложба на аматерски уметници кои живеат или потекнуваат од Илинден за прв пат учествуваше и Мира Симоновска.
Мира, е родена во Куманово , а од 1983 година живее во Илинден, каде што го заврши и основното образование.
Уште на 12 годишна возраст започна да пишува поетски творби, а многу од нив ги испраќала во многу списанија. За нејзиното литературно творештво досега има добиено поголем број пофалници, благодарници и признанија.
Покасно стана и член во клубот на писатели ,аматери.
Покрај литературата, кај неа се родила и желбата за уметничко творење, па неколкугодини поминала на обука за рачна изработка на накит од полимерна глина и епоксидна смола.
Оваа година нејзините уметнички дела ја красат изложбената галерија на домот на Културата во Илинден.
На изложбата Мира не го криеше задоволството за интересот на посететилите за нејзини изложените дела , но уште поголемо задоволство и причинуваше познатството што го воспостави со другите уметници од Илинден.