Санација на една од најзначајните раскрсници во нашата средина Кадино-Бунарџик-Миладиновци,санацијата ќе опфати 200 метри од најоштетениот дел од истата, пришто ќе се изврши целосна замена на тампонската подконструкција на патот, поставување на нов асфалтен слој, како и поставување на хоризонтална и вертикална патна сигнализација.
Посета на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој изјави дека оваа раскрсница е клучна во функционирањето на патниот сообраќај во Општина Илинден затоа што ги поврзува силе населени места во Општината и има многу интензивен сообраќај на овој локален пат.
Тој додаде дека и во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.
Средствата за реализација на овие градежни активности се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден