Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.
Со градежните активности се работеше на најоштетениот дел од раскрсницата во должина од околу 200 метри, пришто се изврши целосна замена на тампонската подконструкција на патот, поставен е втор асвалтен слој, а ќе биде поставена хоризонтална и вертикална патна сигнализација.
Оваа раскрсница е клучна во функционирањето на патниот сообраќај во Општина Илинден затоа што ги поврзува силе населени места во Општината и има многу интензивен сообраќај на овој локален пат.