ХОТЕЛ БЕЛВИ

0
285

Еден од најпрво изградените хотелско угостителски објекти изграден на територијата на населба Илинден е хотелот “Белви”. Хотелот бил изграден во 1969-1970 година и бил во сопственост на “Македонија турист”, денес а.д. “Македонија Турист”.

Во 2007 година хотелот станал составен дел од австрискиот меѓународен синџир на хотели под името “Бест Вестерн Хотел Белви”. Тој е хотел со висок бренд од висока категорија со четири ѕвездички. Комплетно е реновиран во 2007 година.

Лоциран е на само 8 км од центарот на Скопје, а во исто време е првиот хотел до меѓународниот Скопски аеродром. Во хотелот се нудат идеални услови за престој на поголеми туристички групи, спортски екипи, транзит-туристи и организирање на семинари. Хотелот располага со 32 модерно опремени соби, со ресторанот “Лафајет”, кој е комплетно реновиран, во ново светло, климатизиран и со капацитет од 200 гости, со тераса со капацитет од 300 гости и со конференциски капацитети за семинари, презентации, обуки и работилници.

Хотелот нуди и други содржини: детско игралиште, кошаркарско игралиште, авто-камп, отворен базен и електронска куглана.

Хотелот е со своите просторна уредена околина е отворен за секоков вид манифестации.

Претходниот артикал,Свадба на Митре и Ленче
Следната статијаНа денешен ден-5 октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука