*На фотографијата е куќата на Атанас од село Дабница во која го криел и зачувал таткото на Турција ,Ататурк.
Во 1908 година во Дабниште дошол турскиот бег од село Бегниште. Водел со себе човек по кој била распишана потерница. Отишол во куќата на Атанас Ајзовски и му рекол на домаќинот:
Овој човек ќе го скриеш кај тебе. Не смееш ништо да кажеш, кој го донел, кај дошол, од каде дошол, кога дошол. По цена на што и да ти се случи.
Турците начуле дека се случува нешто во куќата на Атанас. Почнале да го тепаат. Го однеле кон селото Гарниково. Толку бил тепан, што мислеле дека е мртов и го фрлиле во долот.
Утредента пазарџии од Гарниково што оделе кон Кавадарци виделе дека човек лежи и мрда, се движи. Кога се симнале во долот, виделе човек, сиот облеан во крв. Го зеле и неколку дена го чувале и го лекувале во Гарниково, па разбрале дека човекот е од Дабниште
По 20 години, во 1924 година, кога Мустафа Кемал Ататурк станува „татко“ и прв претседател на современа Турција, во весникот „Политика“ се јавува напис:
„Ако е жив Атанас Ајзовски, да се јави, сакам да се видам со него“.
Атанас го видел тоа и долго време писмото си го чувал во појасот. Но, веќе бил стар и не можел да оди на пат. За возврат, Ататурк му испратил богат пакет со подароци, алви и локуми и една пушка „винчестер“ од системот манлихер што ја викаат трофејна. Кундакот е обложен со ковано сребро. Пушката е денес изложена во кавадаречкиот музеј