* 14 јуни Светски ден на крводарителството
* 14 јуни 1920г. Со кралски указ прогласено е обeдинувањето на македонските епархии кон српската православна црква .Македонските епархии биле купени за 1.500.000златни франци од Патријашијата .

* 14 јуни 1934.- Во пазувите на Рила Планина, во месноста Динков Дол, во атарот на селото Белица, Разлошко, Пиринска Македонија, бугарските врховисти го убија Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на ВМРО (обединета) за Пиринска Македонија. Роден е во Солун, на 6 ноември 1898 година

* 14 јуни 1943г. Почина Никола петров Русински бил македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО.
* 14 јуни1948.- Почна дотогаш најголемата офанзива на грчката владина војска против ДАГ во северен Пинд-Грамос. Во битката на Грамос, се извршени најголемите херојски подвизи на борците на ДАГ и се запишани најсветлите станици на македонскиот и на грчкиот народ за слобода и независност. Оваа офанзива зазема посебно место во ослободителните борби на македонскиот народ, затоа што таа главно се водеше на македонска почва и во неа на страната на ДАГ се бореа многу Македонци

*14 јуни1987г. Вардар стана нов шампион на тогашна Југославија во сезоната 1986/87. Тоа беше прва шампионска титула на нашиот тим со која беше прославена 40-годишнината од постоењето на клубот. И покрај поразот во последното коло од 4:1 против Динамо Загреб одигран на „Максимир“, сепак, благодарение на резултатите на конкурентите, Вардар ја мина целта како првопласиран тим на табелата.

Инаку, десет тимови во првенството играа со минус шест бодови, врз основа на тогашната одлука на Фудбалскиот Сојуз да им бидат одземени поени, поради сомнителните резултати во последното коло од сезоната 1985/86.
* 14 јуни 1996.– Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.