Како настанала песната за Хусо Темјанички-Царот Неготински

0
116

Всушност тоа бил Усо бегот од Тимјаник

Хусеин-пеливан (Хусеин-капетан) од село Тимјаник бил најпознатиот разбојник во Тиквешијата и поради своите злосторства бил затворен во Солун. Но, во 1899 год. бил помилуван и се вратил во тиквешкиот регион, каде продолжил да им се заканувал на луѓето со смрт, за да им изнудува пари, а неговата активност била под покровителство на кајмакамот Шефки-беј. 

Поради злосторствата врз луѓето, Хусеин-пеливан бил осуден на смрт од страна на Неготинскиот комитет на ВМРО. Како погоден момент за неговата ликвидација била искористена свадбата Коле Јорданов и Олга Бакалова, во ноември 1899 год. ВМРО го познавала однесувањето на Хусеин-пеливан и му поставила три заседи во неготинската чаршија.

Хусеин-пеливан ги пресретнал свадбарите во чаршијата и ги застанал, а на музичарите им наредил да ги свират неговите омилени песни. Од младоженецот и невестата побарал да му ја целиваат раката, а останатите моми да играат оро. Но, никој не го послушал и Хусеин-пеливан си заминал посрамен и налутен, заканувајќи се дека ќе се одмазди.  

Хусеин-пеливан не ја остварил својата закана, бидејќи бил пресретнат од првата заседа во која биле Гошо Марков, Пано Џунов и Нацо Подлешов – касапот. Хусеин-пеливан бил убиен од луѓето на ВМРО, а Нацо касапот му ја пресекол главата и му ја фрлил во бразда.

Ликвидацијата на Хусеин-пеливан од страна ВМРО е опеано во песната Усо Темјанички (позната и како Царот Неготински) – Не ми оди, Усо, на каурска свадба, каури се лоши, ќе се поднапијат каури се лоши, ќе се поднапијат ќе се поднапијат, ќе ми те убијат! – 

(извор: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903.)

Претходниот артикал,Дел каде што спојуват Илинден и Марино
Следната статијаБерово е град со највисока концентрација со кислород.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука