Патешествија на моштите на Гоце Делчев 1903-1946 година

0
75

-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ОД НЕГОВОТО ЗАГИНУВАЊЕ ,ДО ДОНЕСУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ МОШТИ ВО ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“ ВО СКОПЈЕ.

-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ на 4 мај во 1903 година во загинува Баница

-1906 г.-Три години по загинувањето на Гоце, војводите Михаил Чаков и Таската Серски една ноќ одат тајно во селото Баница во Егејскиот дел на Македонија и ги откопуваат коските на Делчев. Ги потопуваат во шпиртус, ги ставаат во сандак и ги положуваат кај олтарот на црквата во село Баница. Го задолжуваат клисарот Никола да ги чува коските.

МИХАИЛ ЧАКОВ

-1919г.-За време на Балканските и Првата светска војна, селото Баница трипати е запалено, а еднаш е палена и црквата, но олтарот и сандакот со моштите на Гоце останале неоштетени. За да ги зачува коските, Михаил Чаков повторно оди во селото, ги зема моштите и ги пренесува тајно во куќата во која живее, каде во подрумот ги чува 4 години.

-1923 година 2 август – Илинден Ковчегот со посмртните останки на Гоце по 4 години е изнесен од куќата на Чаков и однесен да се чува во просториите на „Илинденската организација“ во Софија.

Илинденската организација во Софија била организација на македонските револуционери – емигранти, кои биле следбедници на идеалите на Гоце Делчев за независна македонска држава.

Пред ковчегот да биде изнесен од домот на Чаков, на него е запишан следниот ЗАВЕТ:

„ Ги заколнуваме поколенијата, светите коски да бидат погребани во идната столица (главен град) на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Пренесувањето на коските на Гоце во просториите на „Илинденската организација“ во 1923, е документирано и снимено со камера од македонскиот револуционер и публицист Арсениј Јовков, во документарниот филм “Македонија“.

АРСЕНИ ЈОВКОВ

Филмот набргу ќе биде забранет од бугарските власти, а една година подоцна во 1924 Арсениј Јовков е заклан по наредба на бугарскиот џелат Ванчо Михајлов.

-1946, Октомври по завршувањето на Втората светска војна, Македонија бара од Бугарија коските на Гоце да бидат пренесени во Република Македонија.

Предавањето на моштите на Гоце Делчев е одобрено од тогашниот бугарски претседател Георги Димитров, кој по потекло е Македонец од Пиринска Македонија.

Македонците во знак на почит, три дена (7, 8 и 9 Октомври) пешки го носат ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија, Струмица, Штип до Скопје.

Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во Скопје – главниот град на единствениот слободен дел на Македонија.

-10 Октомври Гоце Делчев е погребан во кругот на старата скопска црква Свети Спас.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА МАКЕДОНСКИ ВОЈВОДО!

Претходниот артикал,Класната Дивна со своето одделение
Следната статијаКлисура Пешти на река Бабуна

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука