6-ти Мај СветиЃоргија манастир – Дељадровци.
Да не се заборави убавото
Минато, а се заборави ?
Нека оваа мала сликичка
И оваа мала посвета пишана .
Остава вечна трага за едно .
Минато, а сепак заборавено време .
Денот сончев – цветен – ливади
Росни од утринска роса која
Свети како светилки во зори кои
Сонцето ги гали и одпоздравува „ одете си “
Пчеличките штотуку ги слушаат
своите крилја се спремаат за
Лед од цвет на цвет да соберат мед.
Утрински жагор !
Се се движи старо –
Младо – дечиња мали се е весело
Радосно. Денеска е денот убав а
Целта на сите иста – една .
Таму на едно место сите со иста цел
Да се стигне – влезе
Во храмот божји да се исполни Божјата и наша желба.
Облеан од јаки сончеви зраци
Сместен во падините зелени тој зрачи убавина – љубов и повик.
Дојдете влезете и помолете се
И што е најважно видете се –
Убавото е таму .
На падината горе од изгрејсонцето .
Колона луѓе се спуштаат кон целта .
Тие се од селата : Пчинња , Студена бара
Винце – Коњари од секаде старо и
Младо – дечиња
И сите од околните селна наши старо –
Младо – машко – женско – дечиња брзаат а целта иста .
Возот патнички на станицата предолго
Стои – влегуваат бројни гости а патот
Еден – ист – таму во убавините на храмот
Божји .
Чадори – тезги – полни со бижутерија
Разна – бонбончиња – балончиња –полно
А убаво средени
Свирачи свират се пее песна
Се игра коло не на едно место
Се е весело разиграно распеано и така – завршуваше а крајот каков ?
Да како и многу други
Убавото заврши – тоа старо време
А убаво
Беше убаво а го заборавивме !
Беше вековно а го избришавме !
Го заменивме со една ново време
За крај – реприза не е можно
Одиме напред секој сам
Вистина – секој голем и поголем
Се брза да се избришат спомените .
Мојата слика
И моето пенкало запишаа само една
Мала приказна
За едно убаво
Ке речам заборавено време.
Нека овој мој запис биде потсрек
Повелете надополнете ме –
Поправете ме .
Кажете го своето – запишете го
Нека не се заборави една вистина.
Вратете се во минатото – запишете го
Јас се вратив
АХ, ВРЕМЕ МИНАТО
Автор : Перо Стојановски