*29 јуни 1990.- Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар…) и се положени во црквата “Свети Спас”.Инаку Чуповски почина во Сан Петрбург во 1940 година.
-29 јуни 1913 започна Втората балканска војна со нападот на Бугарија врз нејзините дотогашни сојузници, незадоволна од српско-грчките територијални претензии и од тајните српско-грчки преговори. На 10 август 1913 беше склучен Букурешкиот мировен договор со кој е поделена етногеографска Македонија помеѓу балканските држави: Грција, Бугарија и Србија и мал дел на новоформираната држава Албанија. Со тоа, големите сили сметаа дека “конечно” го решиле Македонското прашање. Во периодот меѓу двете светски војни Македонците во овие држави немаа никакви политички и национални права. Друштвото на народите во својата анкета им даде “право” да се декларираат “слободно” како Срби, Бугари или Грци. За време на Втората светска војна, застанувајќи масовно на страната на антифашизмот, Македонците во т.н. вардарска дел на Македонија се ослободија со свои сили и создадоа држава во рамките на федеративна Југославија . Но, Македонското прашање за големите сили, повторно се отвори во 1991 година. Започна невидена дипломатска игра за деноминација на името, бришење на идентитетот и менување на македонската историја. Се наоѓаме во третата балканска војна која за жал битка по битка ја губиме.
*29 јуни 2000.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.
* 29 јуни 2011 Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име.
*29 јуни 2015.- На 88-годишна возраст умре Шарл Паскуа, поранешен министер за внатрешни работи, основач на голистичката партија РПР заедно со Жак Ширак и противник на европскиот федерализам. Овој контроверзен политичар беше една од клучните фигури во француската политика на крајот од 20 век. Шарл Паксуа како ретко кој политичар во Франција, предизвикуваше стравопочит и смеа кај Французите, а ќе остане запаметен под неговите ригидни ставови за имиграцијата, тероризмот, давањето на француско државјанство… За македонската јавноста и за политичката афирмација на Република Македонија во Франција, Шарл Паскуа ќе остане запаметен со финансирањето на изложбата Македонија во 1913 година, кога тој беше претседател на департманскиот совет на Горна Сена. Роден на 18 април 1927 на Корзика.

*29 јуни 2016 г.Во населба Илинден започна изградбата на Домот за стари лица .Рекреативен комплекс Адора Илинден Скопје – Домот за живеење и нега „Втора младост“.Инвеститор Адора Инженеринг .