*1 јуни 1984,почина Кирил Симоновски-Џина , бил македонски фудбалер и тренер.
Роден во Скопје на 19 октомври 1915 година. После завршувањето на основното училиште станал член на ФК „Југ“, па на ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Бил бугарски репрезентативец. Тој бил и учесник во НОБ од 1944. По Ослободувањето играл за репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа.
Тој се смета за првиот македонски спортист што веднаш по Втората светска војна, поточно во август 1945 година, заминал во Белград, прекомандуван од скопската воена област во белградската. Прекомандата била услов Џина да биде член во тоа време на еден од најдобрите фудбалски клубови во Југославија, Партизан, односно тој е првиот македонски фудбалер што настапил за Партизан. Во овој клуб Џина останал околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Настапот на Партизан не можел да се замисли без Кирил Симоновски – Џина. Со својот клуб тој играл во СССР, Полска, Чехословачка, Франција, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Швајцарија, Алжир, Израел и др.
Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација, прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.

* 1 јуни 1941 година роден е Симеон Гугулоски потекнува од галичко печалбарско семејство и поради тоа беше роден на во Солун.Живеше во Софија, Скопје , Белград и по некоја судбина умире во Софија на 13 август 1995 година. Без разлика каде живееше , секогаш наоѓаше време да го посети и да престојвуа во Галичник, кој го сметаше како родно место, тука му беа корените на неговите родители, на неговите предци.Како исклучителна личност , воодушевувачки вокал, кој ,,земјата ја тресе“ како што зборуваат неговите современици, беше тенерот Симеон Гулгулоски. Трениран глас, со познавање на музика ,со чувсто и со особена интерпретација и сценски настап. Глас кој беше омилен меѓу сите генерации, глас кој не остава никого рамнодушен.Почина во Софија на 13 август 1995 година
* 1 јуни 1880.- Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на “Јејл банката” во Њу Хевен.

* 1 јуни 1928 г.во Скопје,роден е Петар Хаџи Бошков ,еден од најистакнатите македонски вајари, почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за вајарство. Во 1959/60 година специјализирал вајарство на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон. Во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine Arts New York). Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје
* 1 јуни,1945.- Стапи во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. на 1 јуни 1995 година е донесена одлука со која 1 јуни се прогласува за Ден на статистичарите на Македонија.

* 1 јуни 1946. – Во Битола е роден Славе Димитров, познат македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент. Кариерата како музички автор, аранжер и изведувач ја започнал во Битола. Во 1971 година на Фестивалот на забавна музика „Скопје“ за првпат е изведена неговата легендарна песна „Чија си“, која доживеа повеќе верзии и безброј изведби кај нас и во странство. Димитров успешно учествувал на речиси сите забавно-музички фестивали во СФРЈ. Многу негови песни станаа хитови („Нежност“, „Има една мома“, Тивко, тивоко“, „Дали да ти пријадам“, „Момчето со мандолина“, „Есенска роза“, „Ѕма ѕма ѕм“, „Ти само збориш“…). Големо место во неговиот опус зафаќа музиката што ја компонира за ТВ серии, драми, филмови, театарски претстави („Исправи се Делфина“, „Големата соба“, „Томе од бензинската пумпа“, „Опстанок“, серијата за деца „Загубено па најдено“…). Меѓу првите во Македонија го воведува компјутерот како помагало во процесот на создавање музика, на што со голем успех се надоврзале неговите синови Оливер и Дарко Димитрови, во својство на композитори, аранжери и продуценти.

* 1 јуни,1947.- Започна мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато

* 1 јуни,1992.- Во Скопје е поставен камен – темелникот на Домот – музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
* 1 јуни 1994.- Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
*1 јуни 2008 На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места.