НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 12 Ноември

0
462

* 12 ноември 1966 г. Во Ајватовци по повод денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември отворен е противпожарен дом,на свечаноста по тој повод покрај другите учествуваа и учениците од ООУ Гоце Делчев од Илинден . На тој ден се формираше и доброволно противпожарно друштво ,како и екипа на млади пожарникари. Денес домот е пренаменет во Дом на Култура-Ајватовци.

 *12 ноември 1989 починал Стерју Спасе писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Но тој е значаен и како собирач на македонски народни умотворби, со една збирка песни што ги запишал од неговата сопруга, Николина Спасе. Запишувачот песните ги превел на албански јазик за да ги доближи до читателите во Албанија.Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа. Основно училиште завршил во родното место и во Глобочани, Мала Преспа. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана.

* 12 ноември 1910.- Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик и професор, вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност во Македонија. Тој беше единствен скулптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Излагаше самостојно во Скопје, во Белград, Загреб, во Дижон и на други места. Автор е на многубројни споменици во Македонија, како и на скулптурите „Јама“, „Тутуноберачка“, „Гроздоберка“, „На жица“ и други. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.

* 12 ноември 1912г.градот Кукуш бил запален и разурнат од грчката власт .Пожарот траел 8 дена ,покрај тоа биле запалени и 35 села во кукушко,12 во дојранско и 3 во гевгелиско .По масакарот македонското население било приморано да се декларира за грчко.

* 12 ноември1973.- Во Скопје умре Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Автор е на збирките разкази “Бојана”, “Акорди”, “Прстен”, “Раскази”, “Лебедова песна” и други. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со пролог “Плуто”. Роден е во Охрид, на 9 јануари 1914 година.

* 12 ноември 1992.- Во Скопје, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот Свети, значи „Свети Кирил и Методиј“.

Претходниот артикал,„ПИЛИЧКОВЦИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаУченици од Мршевци -1974

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука