НА ДЕНЕШЕН ДЕН -13 Октомври

0
224

* 13 октомври 2019, пред голем број верници од Миладиновци и околните села се изврши свечениот чин осветување на Црковниот храм Св. Илија во Миладиновци.

*13 Октомври 1882 – Во Кавадарци е роден Добри Даскалов, македонски револуционер.

*13 октомври 1993 година, Крањ, пријателска средба СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-4

Стрелци: 0-1 Бошковски 3. минута, 0-2 Панчев 37 (пенал), 1-2 Пате 40, 1-3 Јаневски 48 (пенал), 1-4 Канатларовски 51. минута.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА : Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63. Неџмедин Мемеди), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски (86. Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12. Горан Георгиевски, 73. Сашо Милошевски), Тони Мицевски. Селектор: Андон Дончевски.

Историскиот прв гол за Македонија го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 3-та минута од натпреварот.

*13 октомври 1863 година основана е и осветена е црквата Св. Недела за време на преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, црквата е на влезот од  Битола од страната на Прилеп . Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев. На гробиштата се погребани многу македонски значајни личности и револуционери како Павел Шатев,Димче Могилче,Кирил Лозанчев,Михаил Димев и др.

*13  октомври 1912 год., по 520 год. турско ропство, Скопје го заземаат српските војски и воспоставуваат своја окупациона власт која ќе трае сe до Втората светска војна, со единствен прекин од 1914 до 1918 год. кога за време на  Првата светска војна градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна Скопје станало главен стопански центар на целата моравско-вардарска област.

*13 октомври1952.- Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат “Граматика на македонскиот литературен јазик” од Блаже Конески.

*13 октомври 1984.- Во Скопје умре Илија Зафировски, македонски новинар. Тој спаѓа во редот на првата повоена генерација новинари. Работеше во весникот “Борба”, а најголем дел од својот новинарски век го помина во весникот “Нова Македонија”, во кој беше и главен и одговорен уредник. Смртта го затекна како директор и главен и одговорен урадник на весникот “Трудбеник”. Роден е во Охрид, во 1927 година.

*13 октомври 1993. Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација за поморство, со седиште во Лондон.

*13 октомври 1995.- Во Скопје, делегациите на Република Македонија и Република Грција потпишаа Меморандум за практична примена на Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.

*13 октомври 2003 година. Во Скопје почина Ѓорѓи Колозов. Еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, селанец, кадија, ѓавол па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

Претходниот артикал,Свадба на Боре и Борјанка-1968
Следната статијаКУЌА ИЗГРАДЕНА СО ВИНО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука