НА ДЕНЕШЕН ДЕН -7 АВГУСТ

0
247

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -7 АВГУСТ

* 7 август 1987 година се случи „Вевчанскиот случај“  причина за тоа беше намерата на тогашната власт да ги каптира вевчанските извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а, всушност, сакаше водата да ја користи за елитната викенд населба Елен Камен, каде што се вилите на тогашните челници на власта. На тоа се спротивставија жителите на Вевчани со поставување на барикади и не дозволија да се постават водоводните цевки. Кулминираше на 7 август 1987 кога интервенираа специјални полициски сили, за првпат во тогашна Југославија, со употреба на „електрични пендреци“!Тогаш  вевчанци си ја одбранија честа, бранејќи го вевчанското врело. Целото државно и полициско раководство го легнаа на плеќи, уште и му подигнаа „споменик“ на сред село, на градското пазарче: легната спомен плоча со нивните изгравирани имиња: „За да ги мочаат магарињата!“ Ете, тоа е Вевчани. Беа обвинети дека не ја даваат водата на „муслиманките да си ги мијат гезојте!“, но тие станаа симбол на отпорот, со месеци беа медиумски хит во поранешна Југославија и на Балканот, ја понесоа македонската демократска пролет. Секој што и малку сакаше да биде политичар, или јавна личност, патот го водеше преку Вевчани, каде продефилира и целиот дипломатски кор.

* 7август1987.- Во Дојран умре Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој, академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со која успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија преку која ја изнесуваше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Роден е во Штип, на 08 ноември 1906 година.

* 7 август 1989.- Во Скопје умре Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден е во Прилеп, во 1933 година

Претходниот артикал,БРАНАТА НА МАТКА
Следната статијаНАРОДНИ ВЕРУВАЊА,ПОВРЗАНИ СО ЈАДЕЊЕ и ПИЕЊЕ.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука