НА ДЕНЕШЕН ДЕН-14 ЈУЛИ

0
319

НА ДЕНЕШЕН-14 ЈУЛИ

*14 јули 1907,„На Ножот“ден кога  77 Македонци ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар. Тогаш, 19- годишниот Атанас Попов од костурското село Шестеово, кој привремено командувал со четата, и Трендафил Думбалаков од село Суха, Солунско, преку курирот порачале: „Ќе им кажете на војводите дека костурци го сметаат решението на Војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“. Костурските востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатија борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер-беј. „Ножовци“ беа однапред решени на саможртвување. Сите загинаа со херојска смрт. Повеќето паднаа при непријателски јуриши, а неколкумина од нив се самоубија.

Од 77 загинати, познати имињата само на шестминаОд загинатите на Ножот познати се имињата само на шестмина. Се знае дека таму се жртвувале за слободата на Македонија: Атанас Попов од Шестеово, Костурско; Трендафил Думбалаков од село Суха, Солунско; Милан Петров Топличанец од Топлица; Димко Јованов – Газдата од Прилеп; Најдо Андреев Арсовски од Папрадишта, Велешко; и Петко Којчев од Панаѓуриште. Загинатите се закопани без идентификација од селаните на Никодин, по наредба на Енвер-бег.

*14 јули 1946 Методија Андонов -Ченто година првиот Претседател на Президиумот на АСНОM,бил уапсен и затворен. Во монтираниот обвинителен акт биле изнесени монтирани докази и искази на луѓе блиски до власта, по што од судскиот совет во кој членувале Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле, бил осуден на 11 година затвор. Бил затворен во “специјална ќелија” во затворот Идризово во Скопје. Додека бил во затвор, властите му нуделе да потпише изјава дека погрешил и дека се кае, но Ченто останал на своите ставови. Со видно нарушено здравје, бил ослободен, по одлежани 9 години и 4 месеци, на условна слобода. Поради влошеното здравје, му напишал писмо на Тито, за да му издадат пасош, за да се лекува во Швајцарија, но бил одбиен.

* 14 јули 1920 година со кралски указ било прогласено обединувањето на Македонските Епархии кон српската православна црква. Македонските Епархии биле купени за 1.500.000 златни франци од Патријаршијата.

*14 јули 1942.- Во своето родно село Русиново, Беровско, умре Никола Петров-Русински, македонски социјалист и национален револуционер. Учесник е во Илинденското востание, а остави и неколку брошури богати (необјавени) спомени за својата политичка активност. Роден е во 1875 година14 јули

*14 јули 1944.- Во Струмица, загинал Благој Јанков – Мучето тој е македонски револуционер, шивачки работник и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).

* 14 јули 1946, во  Скопје роден е Кирил Дојчиновски,фудбалер.Кирил својата кариера ја започнал во ФК Вардар. За првиот тим заиграл во сезоната 1963-1964. Дресот на Вардар го носел до јуни 1967, во кој одиграл 106 првенствени натпревари. Потоа тој се приклучил во Црвена звезда. До 14 мај 1974 тој одиграл 420 натпревари за Црвена звезда од кој 189 биле првенствени и постигнал 11 голови. Со Црвена звезда освоил четири титули како Југословенски прваци во 1967-1968, 1968-1969, 1969-1970 и 1972-1973 и два трофеи од Фудбалскиот куп на Југославија 1968 и 1970. Кариерата ја продолжи во Франција, во екипите Троја (1974-1975) и Париз (1975-1977) каде што и ја завршил кариерата.

*14 јули 1996.-  Во велес биле погребани посмртните останки во заедничка гробница на убиените 53 затвореници,кои биле убиени во 1946 година.

На 15 јануари1945 без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.

 

*14 јули 1998.- Во Скопје почина Ненад Стојановски, македонски актер. Роден е во 1952 година.

Претходниот артикал,Венцо Николов-фудбалер
Следната статијаНеколку факти за кафето

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука