*15 август1894.- Во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржа советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев. Беа донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се смета за „голема предилинденска искра“

*15 август 1881 ,роден е Борис Мончев — македонски револуционер. Мончев е роден на 15 август 1881 година во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Тој бил син е на прилепчанецот Васил Мончев и брат на Георги Мончев. Во 1902 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиj“, а во 1911 година – право во Женева. Во периодот помеѓу 1903 – 1905 година работел како учител во Солунската гимназија и истовремено бил член на Централниот комитет кој се самораспуштил на 13 април 1904 година .Во 1905 година на Солунскиот окружен конгрес бил избран за делегат на Рилскиот конгрес на Организацијата. Мончев земал активно учество во создавањето на Сојузот на бугарски уставни клубови по Хуриетот. Учествувал во уредувањето на списанието “Искра” .За време на Првата светска војна служел во 39 родопски пешадиски полк. Борис Мончев е пратеник во XIX (1920 – 1923) и XXIV (1938 – 1939) бугарско народно собрание.Починал на 4 октомври 1942 година во Софија

* 15 август 1862 г.во Охрид роден е Коста Шахов, бил македонски деец, револуционер, публицист, член на Лозарското движење, ВМОК и општественик во Бугарија Бил личен пријател со Гоце Делчев,Даме Груев.Објавувал и издавал и бил уредник и сопственик на 11 весници.Починал на 15 август 1917 година.

*15 август1897.- Во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, е роден Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД. Во 1986 година при посетата на Македонија беше основана Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умре во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25 јануари 1996 годинa.

*15 август 1911.- Во селото Крушаре, Ениџевардарско, беше убиен Апостол Петков (наречен и како „Ениџевардарско сонце“) македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Роден е во селото Бојмица, Солунско, во 1870 година.

*15 август 1914.- Со поминувањето на бродот „Анкон“ беше отворен Панамскиот канал, прокоп долг 81,6 километри кој во најтесниот дел на средна Америка го спојува Атлантскиот и Тихиот Океан. Каналот официјално е отворен дури во јули 1920 година, а изградбата која во 1789 година ја почна градителот на Суецкиот канал Французинот Фердинан де Лесепс, а САД ја презедоа во 1901 година, беше проследена со финансиски афери, притисоци и воени интервенции.
*15 август 1915 ,роден е Благоја Стефановски – Гојчо — македонски револуционерен и воен раководител. Работел како шивачки работник. Уште во најраната возраст се вклучил во синдикатот. Бил член на СКОЈ, а во 1935 година станува член на КПЈ. Во 1937 година, по апсењето на Панче Пешев, станува секретар на Месниот комитет на КПЈ за Куманово. Во 1942 година учествува во издавањето на весникот „Октобрис“. На 26 февруари 1943 година е уапсен од бугарската полиција и е интерниран во Бугарија. Од интернација е ослободен во декември 1943 година и во февруари 1944 година заминува во партизани. Бил политички комесар на Кумановскиот партизански одред, а потоа и на Брегалничко-струмичкио корпус. Учесник е на Првото заседание на АСНОМ.По ослободувањето, во 1945 година е претседател на Воениот суд што им суди на соработниците со окупаторот, а потоа, од 1946 година работи во армијата. Во 1964 година е избран за пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ, но набрзо, починал во 1965 година.
*15 август 1993.- Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија беа примени во полноправно членство.

*15 август 1998.- Во Скопје се одржа Основачко собрание на Нотарската комора на Република Македонија. За претседател беше избрана Зорица Пулејкова

*15 август 2012.- На 64-годишна возраст почина Арбен Џафери како последица од претрпен мозочен удар. Неколку години боледуваше од Паркинсонова болест. Џафери завршил Филозофски факултет, а до 1990 година работел во Приштина како новинар. Во политиката беше активен прво како претседател на ПДП, а потоа и на ДПА. Партијата ја предводеше 12 години се до 2007 година кога од здравствени причини се повлече од функцијата. За претседател тогаш беше избран Мендух Тачи, а Џафери стана почесен претседател на ДПА.
15 август 2016.- По кратко и тешко боледување во Словенија починал големиот промотор на македонската култура во дијаспората и ширум светот, музичарот Љубен Димкаровски, кој беше прва труба во Љубљанската филхармонија, и основач и водач на групата „Пела“ со која ја промовираше македонската музика низ целиот свет. Во последните години светот го запозна Димкаровски како прв и единствен изведувач на праисториска фрула, најстара фрула во светот, со која на музичката јавност и покажа дека големите класици може да се отсвират на праисториска фрула…









































