* 29 јануари 2020 година и околу 23:00 часот, во населбата Кисела Вода, Благоја Георгиевски починал кога при управување на своето возило, изгубил контрола над возењето и излетал од коловозната лента каде што удрил во бетонска жардињера на булеварот Србија. Тој починал на местото на несреќата.Тој беше долгогодишен член и капитен на КК Работнички –Скопје. Поради неговата смрт, Работнички го повлекол бројот 13 од употреба на клупските дресови.
КАРИЕРА: На Средоземните игри 1971, Георгиевски заедно со Југословенската кошаркарска репрезентацијаго освоил златото. На Европското првенство во 1971 година, кое било одржано во Западна Германија, Георгиевски со Југославија освоил сребрен медал. Тој со Југославија учествувал на Олимписките игри во Минхен 1972Тогаш тој со репрезентацијата го освоил петтото место. На Балканските игриво 1972 (Сараево) и 1974 година (Солун), станал првак со југословенскиот состав.[3] На Средоземните игри 1975, тој повторно станал првак. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри 1976 кои биле одржани во Монтреал, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, тој освоил сребрен медал.
За југословенската репрезентација, Буштур одиграл 124 натпревари и постигнал 388 поени

–29 јануари 1999.- Во Скопје умре Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско глумиште. Роден е во Велес, на 16 јануари 1902 година.
–29 јануари 1950.- Во Скопје е формиран Сојузот на филателистите на Македонија.

–29 јануари 1963.- Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.

–29 јануари 1992.- Во Скопје умре Иван Дојчинов, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на “Партизанска споменица 1941”.
–

–29 јануари 2005.- Умре режисерот и сценарист Живорад Жика Митровиќ. Филмови: „Капетан Леши“,„Мис Стон“,, „Солунски атентатори“,(македонски филмови),како и „Ешалонот на д-р М“,„Марш на Дрина“, „Ужичка република“,„Сигнали над градот“„Невесинска пушка“, „Тимочка буна“.