*15 јуни 1986.– На патот Прилеп – Велес, во Дреновската Клисура, во близина на кавадаречкото село Фариш, во сообраќајна несреќа загина г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), поглавар на Македонската православна ацрква, архиепископ охридски и македонски. Роден е во село Долнени, Прилепско, на 25 март 1911 година.И, до ден денес останаа неразјаснети околности како службениот „мерцедес“, во кој се возел архиепископот се судрил со цистерна . Во несреќата, освен г.г. Ангелариј, загинал и неговиот возач.Околу оваа сообраќајна несреќа има многу разни приказни, кои неформално се прераскажуваат. Нејасно е и дали покрај сударот со цистерната имало и друг удар во возилото на Архиепископот. Дали тој ја преживеал несреќата па починал, или загинал од самиот удар. А според сведоштвото на неговата внука Татијана Попоска ,која и таа била во возилото и ден-денес е убедена дека несреќата била наместена. Сомнежот, како што вели таа, е и поради тоа што возачите на двата камиона не ја отслужиле ниту малата казна од една и од четири години затвор.Не можам да се помирам и не верувам дека дедо ми загина во случајна сообраќајка. Имам сомнеж дека судирот беше инсцениран, поради сите повици, закани за залагањето на Ангелариј за идејата за Македонија – вели Попоска внука на ГГ Ангелариј -Дневник

*15 Јуни 1927 година умира Христо Делчев (најмалиот брат на Гоце Делчев)го следи патот на тројцата браќа. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година Христо Делчев е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во Кукушката чета и 15 штипска дружина.После Меѓусојузничката војна Делчев учествува во возобновувањето на ВМОРО и е војвода во Кукушко. Во 1915 година зема учество во Валандовската акција.
Учествува во Првата светска војна како постар подофицер во Третиот артилериски полк. За покажана храброст во војната против србите во 1915 година е награден со орден „За храброст“, IV степен.Христо Делчев, женет и татко на три деца, се премесува да живее во Горна Џумаја , каде и умира на 15 јни 1927 година.
Христо Делчев е четвртиот од браќата Делчеви кои го дале својот живот за слободата на Македонија !

*15 јуни 1882,Во Кратово роден е Павел Шатев ,починал во Битола на 30 јануари 1951.Истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Бил и слободен ѕидар.По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.На таа функција останува една и пол година, до изборот на нова влада, на 31 декември 1946 година.
*15 јуни 1900.- Во Крушево е одржана Првата конференција на македонските социјалисти, на која, меѓу другото, е донесена одлука социјалистите да се приклучат кон ТМОРО. Развивајќи широка пропагандна и револуционерна дејност во редовите на македонската револуционерна организација, македонските социјалисти станаа раководни личности во Илинденското востание од 1903 година.

*15 јуни 1928 година, првиот историски лет на браќата Рајт, на релација Белград – Скопје – Подгорица –Мостар – Сараево – Белград. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници. Во текот на 1929, ‘Аеропут’ почнал редовно да лета на релација Белград – Скопје – Белград и Солун – Скопје – Белград. Ова друштво за воздушен сообраќај тогаш било меѓу првите 10 авиокомпании во Европа. На скопскиот аеродром слетувал и авион на „Империјал ервејс“ од Лондон. Неговата маршрута била: Солун – Скопје – Белград – Загреб – Лондон. 1930 година се летало и на релација Виена – Грац – Загреб – Белград – Скопје – Солун. Главната реклама која тогаш „Аеропут“ ја пласирал во весниците била: Во предноста над сите сообраќајни средства, аеропланот ја освои довербата на светот. На кого му е важна удобноста, сигурноста и брзината, патува со авион!

*15 јуни 1972 – роден е Влатко Миленкоски во Прилеп бил македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.Погина на 5 јуни 2001г. во с.Гајре –тетовско
*15 јуни 1994.- Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.
*15 јуни 1997.– Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
*15 јуни 1999.– Умре прим. д-р Киро Мачески, специјалист по општа хигиена и медицина на трудот со професионални болести, еден од доајените на медицината на трудот во Република Македонија и основоположник на медицината на трудот во Прилеп. Роден е во Прилеп, на 12 април 1921 година.
*15 јуни 2001.- Во Сремска Митровица, СР Југославија, се одржа Светскиот куп на ракетно моделарство. Членот на Аероклубот од Штип, Лазар Андонов, го освои првото место. За овој и за други успеси во текот на годината, Светската воздухопловна федерација, со седиште во Париз, го прогласи Лазаров за најдобар моделар на светот за 2001 година.
* 15 јуни 2014.- Во 78-та година од животот почина Елпида Паковска (1936-2014), балерина од првата генерација на Македонскиот балет која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија. Елпида Паковска зазема почесно место во Македонскиот балет. Таа целиот свој живот го посвети на балетската уметност.

* 15 јуни 2015.- Во седумдесеттата година од животот во Скопје ненадејно почина писателот Тодор Чаловски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија. Работеше како новинар во Македонското радио, беше уредник на списанијата „Разгледи” и „Стожер”, беше основач на Книжевната колонија Галичник и член на ДПМ и на Македонскиот ПЕН. Во ДПМ членуваше од 1969 година и извршуваше високи функции во телата на Друштвото – претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ. Како поет, литературен критичар, есеист и преведувач Тодор Чаловски остави богат и значаен книжевен опус. Тодор Чаловски. Чаловски е роден во 1945 во Гостивар .










































