*22 февруари е светски ден на извидниците

* 22 февруари 1874г.роден е Васил Чакаларов во с.Смрдеж Костурско, македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Тој е еден од најзначајните војводи на Македонската револуционерна организација и најголемите легенди од Илинденското востание. Завршил прогимназија. Бил близок соработник и пријател со Гоце Делчев. Од 2 до 7 мај 1903 година, Васил Чакаларов и Пандо Кљашев учествуваат на Смилевскиот конгрес на кој е ставен крај на дилемата дали да се крене востание или не. На 7 мај Васил дознава дека неговото родно село Смрдеш е изгорено од Турците. Како член на Костурското горско начелство, Васил Чакаларов се залага за кревање на востание против османлиите. Заедно со Кљашев апелирале востанието веднаш да започне.Со своите 700 востаници учествува во Илинденското Востание. Во Втора балканска војна Васил Чекаларов и Иван Попов повторно организираат голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија .Во борба со грчките војници на 20 јули 1913 година во месноста „Лакото“ (близина на Бел камен) на планината Вичо, Чакаларов бил убиен, а неговата глава отсечена.Отсечената глава на Васил Чакаларов била однесена во Лерин и преставена на народот со повикот: „Нема Чакаларов, нема Македонија.“ Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Улинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата „Св. Пантелјмон“ кој ја погребал на гробишта.

* 22 февруари 1878.- Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14 април 1905 година.

* 22 фрвруари 1907 починал Митре Панџаров – Влаот (1873 – 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Познат е под името Митре Влаот или како Митре Влашето, но во документите се потпишувал со вистинското име и презиме. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на чета, од реонски до окружен. Учесник е во Илинденското востание, а потоа води борба против грчките андартски чети во Костурскиот регион. По неуспехот на востанието, Митре Влаот бил еден од ретките лидери на организацијата, кои останале во Македонија. Во април 1904 година, со Георги Попхристов формирале нова чета, која набрзо се зголемила, а Битолскиот окружен комитет го назначил за околиски војвода на реонот Костенаријата. На 22 август 1907 година, многуброен турски аскер на чело со предавникот Христо, се упатиле кон селото со цел да го фатат војводата жив или мртов. По опколувањето на селото започнала последната жестока битка на Митре. Откако тројцата негови соборци биле тешко ранети, Митре ги убива, а потоа се самоубива. Човекот кој се бореше за слобода и достонство на македонскиот народ, за слободна Македонија, загина од тоа што најмногу се плашеше. Беше „предаден од човек на родот свој“. На 13 март 1907 година, костурската чета влегла во селото Жупаништа и ги казнила со смрт предавниците кои го предале војводата.
*22 февруари 1907 починал Андон Брештенски — македонски револуционер.

* 22 февруари 1988.- Во Скопје умре Петар Богданов – Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Учесник е во НОВ на Македонија, еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остави низа значајни улоги. Роден е во Скопје, на 12 март 1913 година.
* 22 февруар 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.

*22 февруари 1998 година Во Скопје умрел Димитар Ќостаров, еден од доајените на македонската театарска уметност. Роден бил во Ичера, Сливенско, Бугарија, на 25 август 1912 година.









































