НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 ЈУНИ

0
84

*2 Јуни  2019 ,Вардар повторно ја радува Македонија, се повтори 2017 година, црвено-црните се најдобри во Европа. Ракометарите на Роберто Парондо се посилни од сите проблеми, тие се вистински херои. Во финалето го надиграа Веспрем, водеа во текот на целиот меч и сосема заслужено му се радуваат на нов голем, огромен успех.

По синоќешната неверојатна победа против Барселона, денеска на колена пред Вардар падна и Веспрем, овој пат на еден друг начин. Црвено-црните ракометари доминираа во првото полувреме, имаат пад во второто, но се кренаа кога беше најпотребно и победија.  Беше неизвесно, мачно полувреме, но кога најмногу требаше, Вардаровите ракометари го вратија фокусот и го приведоа натпреварот во победнички финиш. На крајот славеа со 27:24.

* 2 јуни 1916.- Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.

* 2 јуни 1902.- Во селото Пателе, Леринско, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популрен како народен заштитник. Роден е во селото Пателе.

* 2  јуни 1936 роден е Цане Здравковски — македонски писател.                         

* 2 јуни 1976 роден е Игор Ангеловски — македонски фудбалер и тренер.

* 2  јуни 1978 роден е Роберт Петров — македонски фудбалер..

* 2  јуни 1984 почина Кирил Македонски — македонски композитор

 * 2 јуни 1985 Лила Петрушевска од Илинден,денес наставник во ООУ„Гоце Делчев“(поранешна атлетичарка) , постави државен рекорд 43.98 м. во фрлање  Копје.

* 2јуни 2004 Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов.

Претходниот артикал,ИЛИНА СОКОЛОВСКА УСПЕШНА И ВО ТИМСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Следната статијаСвети Петар и Павле-Ајватовци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука