НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 15 СЕПТЕМВРИ

0
1292

*15  септември 1961г. Кај железничката станица Илинден, учениците и месното население од Илинден масовно излегоа на свечаноста по повод отварањето  ,односно  на свеченото пуштање во употреба на Автопатот „Братство-Единство“ Скопје-Белград. Прилог фотографијата ,во тоа време ова беше најсовремена сообраќајница во Македонија.

Насловна фотографија од првобитната изградба на автопатот.

Автопатот денес ,по неговото проширување, односно изградбата со автопатски обележја што се изврши во 1978 година

*15 септември 1901 година во Кавадарци доаѓа и 7 дена престојува идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Во Кавадарци престојува како илегалец во куќите на Спиро Даскалов и Лазар Бањански. За тоа време одржал голем број на состаноци со раководството на Организацијата во градот како и со комитетите од селата во Тиквешијата. Потоа Гоце заминува во село Ваташа каде е сместен во куќите на Шарлиови, Сојтериови и Поп Антови. Во селското училиште “Даскал Камче“ одржал голем собир на кој присуствувале повеќе од 200 луѓе.

*15 септември 1918 г, се случил пробојот на македонскиот фронт на Добро Поле,месност на Ниџе Планина,.По тој повод местото било посетено од  делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“, а воедно интересно е да се спомене дека денес во Париз постои улица која е именувана токму Добро Поле (Rue Du Dobro pol), што е доказ плус за важноста на оваа локација. Исто така и Француските гробишта во Битола биле свечено отворени токму на овој датум во 1923 година.

 *15 септември 1918 година силите на Антантата предводени од францускиот маршал Франше Д’Епере (наследникот на Сарај), започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник – Сокол. Борбите се пренесуваат во Пелагонија, на десниот брег на реката Вардар, Црна Река и во реонот на Дојран. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во вардарскиот дел на Македонија.

* 15 септември 1921г. отворена е амбуланта за очни болести при окружната болница во Скопје. 

* 15 септември 1990.- Во Гевгелија е основано Здружение на Светскиот македонски конгрес, прва и единствена ваква институција регистрирана во целиот свет, заради културно, духовно и економско обединување на Македонците. За претседател е избран Тодор Петров. Регистрирано е во Гевгелија, на 10 октомври 1990 година.

* 15 септември 1993.- Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

* 15 септември 1995.- Советот за безбедност на Обединетите нации ги продолжи уште за шест месеци санкциите против Југославија.

* 15 септември 1995.- Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи  Амбасада на САД, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон – Скопје.

* 15 септември 1997 година, регистрирана  е ГУГЛ,а една година подоцна ја покрената и компанијата. Но, кој и да е датумот на  роденден на ГУГЛ, во меѓувреме таа стана една од најголемите и најуспешните компании во светот.

Претходниот артикал,Драган и Рахила на денот на венчавката во црква
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН – 16 СЕПТЕМВРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука