НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 16 СЕПТЕМВРИ

0
130

*16 септември 1996.- Градот Велес од овој датум е без додавката „Титов“. Името Титов Велес го носеше од 11 октомври 1946 година.

*16 септември е Светски ден на мирот.

*16 септември е Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

*16 сеп­тем­ври 1833 го­ди­на, а подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Уште кон кра­јот на 14 век, поз­на­ти­от мај­стор Ра­де из­гра­дил мост, кој бил поз­нат ка­ко Ра­дев мост. На две­те стра­ни има­ло стра­жар­ни­ци и се нап­ла­ќа­ла мо­ста­ри­на во на­ту­ра – со јај­ца, мед, си­ре­ње, ур­да… Но, око­лу 1820 го­ди­на мо­стот бил уни­штен по удар од гром. Та­ка, пат­ни­ци­те оста­на­ле отсе­че­ни, а тр­гов­ски­те вр­ски со окол­ни­те гра­до­ви би­ле отеж­на­ти и мо­ра­ло да се кру­жи пре­ку Ар­гу­лич­ки мост. За­тоа, ду­бров­ча­ни­те и Са­си­те, кои жи­ве­е­ле во Кра­то­во, из­дејс­тву­ва­ле средс­тва од Ду­бров­ник и ја поч­на­ле из­град­ба­та на ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост, не­по­сред­но над раз­ур­на­ти­от Ра­дев мост, од кој сѐ уште сто­јат оста­то­ци. Спо­ред ле­ген­да­та, из­град­ба­та на Ра­дин мост би­ла ама­нет од мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри, кои би­ле од кра­тов­ско­то се­ло Кри­ла­ти­ца. Еден ден трг­на­ла на па­зар во Ку­ма­но­во, но не стиг­на­ла за­тоа што Kри­ва Ре­ка го од­нела мостот. Спо­ред пре­да­ни­е­то, тие поч­на­ле да го гра­дат мо­стот но тој по­сто­ја­но се ури­вал. Сѐ што ќе из­гра­де­ле де­ње, но­ќе па­ѓа­ло. За да им „трае“ мо­стот, тие се до­го­во­ри­ле сна­а­та што утре­ден­та ќе им до­не­се ру­чек да ја за­ѕи­да­ат во те­ме­ли­те за да се зац­вр­сти град­ба­та. Си­те им ка­жа­ле на сво­и­те не­ве­сти за до­го­во­рот, са­мо нај­ма­ли­от брат не ка­жал. Утре­ден­та, најм­ла­да­та Ра­да им при­го­тви­ла ру­чек и им го од­не­ла на мај­сто­ри­те, а ко­га ја ви­де­ло неј­зи­но­то мом­че, сил­но зап­ла­ка­ло. Де­ве­ри­те, пак, ја фа­ти­ле и жи­ва ја за­ѕи­да­ле во те­ме­ли­те. Ра­да са­мо мил­но ги за­мо­ли­ла да ѝ ја оста­ват дес­на­та гра­да за да мо­же да си го на­дои ма­шко­то де­те. Ова е нај­ра­ши­ре­на­та и нај­при­фа­те­на ле­ген­да за ко­ја Ва­ска Или­е­ва има ис­пе­а­но и пес­на, но по­стои и пре­да­ние де­ка во те­ме­ли­те на мо­стот е за­ѕи­да­на са­мо сен­ка­та на Ра­да, а таа би­ла по­ште­де­на да не оди кур­бан за­ра­ди до­ен­че­то што го има­ла, се рас­ка­жу­ва во Кра­то­во.

* 16 септември 1943 Петар Ангеловски — македонски биолог.

* 16 септември 1948 Санде Стојчевски — македонски поет.

*16 септември 1980.- На Хвар умре Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Роден е во Скопје, на 10 септември 1917 година.

*16 септември 2013.- Во 92-тата година од животот ненадјено почина проф. д-р Саве Миронски, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, поранешен декан и основоположник и директор на Инфективната клиника. Проф. Миронски беше ценет како исклучителен познавач на медицината и врвен стручњак по интерна и инфективна медицина во балканскиот регион. Студираше медицина во Софија во 1942 година, за да се врати во Скопје и дипломира на Медицинскиот факултет во Белград. Миронски беше еден од основачите на Катедрата по интерна и инфективна медицина, откако работеше како еден од првите шефови на Катедрата по ендокринологија. На местото директор на Клиниката за инфектологија исклучително успешно остана 26 години, се до неговото пензионирање во 1986-та.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 15 СЕПТЕМВРИ
Следната статијаРАДИО СТАНИЦА, ХИПОДРОМ·-МАЏАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука