*17 јуни е Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите
*17 јуни 1929 година загина Јосиф Танаров и уште двајца комити неговата чета, откако биле откриени од српска жандармерија кај месноста Висока Чука ка Дојранското Езеро. Девет комити под опсада имаат неколкучасовна борба, по што ја пробиваат блокадата. Српската жандармерија имала 13 убиени, меѓу кои и началникот Жељковиќ.

*17 јули 1986 година почина Ристо Шишков.Во својата кариера играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.Во 1979 година, накодошен, бил обвинет од тогашните власти за навреда на ликот и делото на Јосип Броз Тито и осуден како македонски националист, сепаратист и хегемонист, а на 15 јануари 1980 бил однесен во затворот. Роден е во 1940 година во селото Мрсна, Серско, во Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство.

* 17 јуни 1990.- Во Скопје е основана ВМРО-ДПМНЕ. За претседател е избран Љубчо Георгиевски. Регистрирана е на 3 август 1990 година.

* 17 јуни 1992.- Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни “Леле Јано”, “Гора и јунак”, “Ти, синче”, “Петлите пеат” и други, по творбите “Гудачки квартет во це-мол”, “Кончертино” и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден е во Велес, на 26 мај 1905 година.
* 17 јуни 1977.- Во Скопје умре Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот “Нова Македонија” и писател. Автор е на книгата за деца “Големата авантура”. Роден е во Гостивар, во 1923 година.
* 17 јуни 2000.- Умре проф. д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на Република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден е во Скопје, во 1927 година.

* 17 јуни 2016 на 87. годишна возраст почина Александар Леко Радич, легендата на охридското и македонското пливање . Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други.Во 2013 година Александар Леко Радич го доби највисокото општинско признание за животно дело-наградата „Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид“.

17 јуни 2018 година, во село Нивици (Псарадес) на грчкиот брег од Преспанското Езеро, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ја потпишаа „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.Документот предвидува ново име за Република Македонија, односно „Република Северна Македонија“, кое ќе се употребува erga omnes, односно во секоја пригода и вo земјава и надвор од неа.










































