Археолошко откритие во Бучинци

0
1122

Во изминатиот период  на неколку наврати опфативме теми од археокошки карактер  во повеќе села од нашава средина.

Но оваа објава, ова археолошко откритие во Бучинци во 2008 година се вбројува меѓу најстарите археолоши наоди во скопско и пошироко.

Пајонско погребување од Гробот 12, Бучинци, Скопје, Р. Македонија, 8-7 век п.н.е.
„Во „Гробот 12“ се пронајдени голем број железнодопски наоди, скелет на жена положена во гроб, вкопана во јама, покриена со речни камења. Врз гробот е откриен и оставен череп на коњ, што укажува на автентичниот начин на погребување кај пајонското племе Агријани. Антрополошката анализа покажа дека покојничката била на возраст од 40 години, што за тој историски период се смета за стара личност. Во пределот на градите, свртен со отворот бил ставен голем керамички сад, а во пределот на карлицата се пронајдени поголем број на бронзени предмети и мало керамичко садче.

Меѓу бронзените наоди се издвојува група на постари култни предмети македонско – пајонски бронзи, голем број на бронзени птици, привезоци во форми на кафези. Станува збор за пајонска гарнитура на привезоци кои се откриваат многу често. Интересно е што анализата укажала дека жената била убиена со удари врз главата, а убиството може да се поврзе со централниот гроб со соодветната хумка во некрополата каде што е пронајден машки покојник, кому како прилог му била ставена боева секира. Може да се шпекулира дека покојничката била убиена по неговата смрт. Погребувањето на некрополата е извршено со образување на хумки, врз кои се положени керамички предмети во кои најверојатно се чувала храна.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-26 јуни
Следната статијаКонцерт на СОСУ Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука