– 18 април ,е Меѓународен ден на спомениците на културата и локалитетите.
–18 април 1903 – Загинал Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков) македонски револуционер-анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунските атентати кон крајот на април 1903 година во Солун. Кирков прво ги минирал цевките низ кои поминувала вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрлил една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“. Загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и неговиот последен атентат.Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната солунска Отоман банк, Алис.
-18 април 1909.- Во Скопје е роден Аспарух Хаџиниколов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓа на постарата генерација македонски композитори кои целокупната композиторска дејност ја насочуваа кон негување и музичка обработка на македонски народни песни. Умре во Скопје, на 11 август 1980 година
-18 април 1920 роден е Томо Софрониевски ,македонски првоборец и политичар.

-18 април 1933 година Вистината за последната пијанечка чета комити на ВМРО…Драмче, Царево село, Пијанец, Македонија…..Од рани зори е нападната полициската станица во ова пијанечко село…На едната страна припадници на српската жандармерија, а на другата четниците од последната пијанечка чета на комити која делувала на овој терен веќе близу една деценија под водство на војводата Дончо Христов, роден во село Драгобраште (денешна Општина Кочани). По ликвидацијата на деветмина српски жандарми четата е опколена од страна на засилени српски жандармиски сили од околните места и во нерамна борба погинуваат последните вооружани горостаси на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец. Нападот на полициската станица бил директно испровоциран од страна на разбојнички акции и репресалии превземани од тогашните српски власти врз македонското селско население во регионот на Пијанец-Малеш, подолг период наназад и директен одговор на ВМРО за заштита на сопствениот народ. Нерамноправната битка завршила кобно за Дончо Христов, Јангел Симеонов (роден 1892 во тогашното Царево село-денес Делчево), Митко Паликрушов (роден во Виница), Стојан Георгиев (роден 1898 година во село Драгобраште-Кочанско) и Васил Николов (роден 1895 година во село Кучичино-денешна Бугарија), но истовремено оваа битка била кобна и за уште 20-тина српски жандарми и 40-тина повредени од страна на српската власт.http://bregalnicki.mk/

-18 април 1941.- Со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, започнаа со навлегување во Македонија.
-18 април 1984.- Во Скопје умре Софре Штерјоски, новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца. Роден е во селото Лавчани, Кичевско, на 20 април 1949 година.

-18 април 1987 година ,роден е Иван Тричковски ,македонски фудбалер.
-18 април 1991.- Собранието на Република Македонија донесе одлука за промена на името на Радио-Телевизија Скопје во Македонска радио телевизија.
-18 април 1996.- Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.