“Покров на пресвета Богородица“

0
1702
Автор:Аце Ѓорѓиевски

Православните верници на 14 октомври го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА:Празникот е познат под името Покров, Богородичен покров или Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Ако девојките сакаат среќно да се омажат, на денешен ден одат во црква и се молат. Задолжително со себе носат крпа, која ја даруваат на црквата и ѝ се молат на Богородица да им ги вкрсти патиштата со идниот младоженец.

Порано, на овој ден, девојките подготувале колачи кои ги чувале покрај креветот, за да ги привлечат мажите во куќата.

Мажените жени на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред вратата за да привлечат среќа, љубов и фамилијарна благостостојба.

Инаку во чест на големиот празник во Мралино е изграден црковен храм посветен на Пресвета Богородица“Покров на пресвета Богородица“ . Црквата  Покров на Пресвета Богородица ,   изградбата на црквата започнала на 30 септември 2000година, кога камен темелникот бил поставен и осветен од Неговото блаженство Г.Г. Стефан.По единаесет годишна изградба, црквата била завршена и свечено осветена на 30 октомври 2011 година.

По повод овој голем празник секоја година во Мралино се одржува голем црковен -народен собир,во организација на селото односно црковниот одбор.Фотографијата е од минатогодишниот собир.

Претходниот артикал,Борче Георгиевски ,фудбалер
Следната статијаСв.Пророк Илија“ во Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука