НА ДЕНЕШЕН ДЕН-21-АПРИЛ

0
634

-21 април 1921г. Поради честите оштетувања и диверзии на железничката пруга  српската власт воспоставила дежурства по долж на железничката линија(пруга)од жители на тогашно Белимбегово. (ПРИЛОГ  СПИСОКОТ, ЌЕ СИ ПРЕПОЗНАЕТЕ НЕКОЈ ВАШ ПРЕДОК)А,биле ангажирани следните лица:Андреја Бејтовски,Ѓорѓија Пурчев,Андреја Пурчев,Цане Пурчев ,Перко Пиличковски,Богоја Пиличковски,Димче Пиличковски,Богоја Џиковски,Андреја Џиковски,Блажо Аџиевски,Трипун Бушев,Трајан Костадинов,Стојче Дончевски,Зафир Аџаларски,Стојче Аџаларски,Боце Савев,Никола Риклевски,Панко Риклевски,Величко Најдов и неколку непознати.

– 21 април 1942 година на планината Лисец во реонот на велешко, формирањето на Народноослободителниот одред „Димитар Влахов“.Одредот  бил најголемата воена единица на територијата на Македонија и имал исклучителна важност во текот на Втората светска војна за разгорување на народноослободителното движење за ослободување на земјата.

-21 април 1946.- Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата “Силјан Штркот”, според истоимената народна приказна.

-21. апр. 1953. – Највисокиот врв на Шар Планина е преименуван во Титов Врв со одлука на Собранието на Н.Р. Македонија, а на иницијатива на Планинарскиот Клуб ‘Љуботен’ и група граѓани. Претходното име беше Голем Турчин (најстарото народно име) и Александров Врв (преименуван од окт. 1934).

-21 април 1981г.родена е Мирјана Бошевска –пливачкаБошевска, на 29 јули во 2002 година во Берлин го испорача највредниот сениорски резултат за македонското пливање, стигна до четвртото место, и за нешто повеќе од една секунда ја изгуби „бронзата“. На 400 метри мешано исплива 4:46,42 минути. Загуби медал од  шампионската Јана Клочкова, Ева Ристов од Унгарија и бронзената  и од домашната пливачка Никол Хацер. Бошевска со тоа го поправи најдобриот резултат на еден континентален собир од пред две години во Хелсинки, кога беше 7. место на 800 метри слободно.Постигна бројни резултати во пливачкиот спорт,учесник на Олимпијадите во Аталанта  и Сиднеј и на многу други меѓународни пливачки натпревари .

-21 април 1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.

-21 април 2014.- На Малта на 67-годишна возраст по кратко боледување почина Љупчо Самарџиски, еден од најзначајните мултимедијални уметници со меѓународно реноме, сликар, солист на контрабас и композитор. Музика студираше и дипломираше во Белград и во Љубљана. Како контрабасист беше член на Словенечката филхармонија и на Симфонискиот оркестар на Радио телевизија Белград. Од 1985 до 1993 година живееше во Париз, а од 1995 година на Малта. Како солист на контрабас настапувал скоро во сите земји во Европа, САД, Канада, Бразил, Мексико… во најпознатите концертни сали и центри. Над 1.200 минути свои композиции и композиции на домашни и странски композитори посветени за него, ги снимил за најзначајните радио станици во Европа и во Америка. Беше член на повеќе светски уметнички асоцијации вклучувајќи ги и УНЕСКО и Ф.И.А.М. Љупчо Самарџиски е роден на 4 октомври 1947 година во Скопје.

Претходниот артикал,СТОЈЧЕ ТРГАЧЕВСКИ-КАДИНО
Следната статијаКако Велес го добил името

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука