Фамилијарен Род, ВЕЛИНОВЦИ-ИЛИНДЕН

0
901

                                                    

 Овој род е еден од поголемите родови кој во Илинден се доселени во 1945 година од с. Трново, Кривоаланечко ,Васе и Алтна имале 5 сина :Мијалко Иван,Санде, Димче и Киро .

Непосредно по завршување на Втората светска војна 1945 година,  прв кој се доселил од овој род бил  Иван ,кој најпрво се населил во Ајватовци ,а потоа  истата година се преселил во тогашно Белимбегово –денес Илинден и по него се доселиле и останатите браќа од родот.

ФОТОГРАФИЈА ОД НЕКОЈА СВАДБА ВО ВЕЛИНОВЦИ

Мијалко најстариот син на Васе и Алт’на  бил оженет со Санда татко е на Савко,Веско,Љубица и Рајна.

*Савко ,син на Мијалко и Санда во брак со Трајанка имат син Љупчо и две ќерки Магда и Славица.

Љупчо син на Савко и Трајанка во брак со Елица имa дв сина Саше и Даниел .

Магда ,ќерка на Савко и Трајанка  во брак со Санде две деца Жарко и Емилија.

Славица ,ќерка на Савко и Трајанка ,омажена е во Црна Гора

*Веско ,син на Мијалко  и Санда  во брак со  Бона имат три деца Русе Горан и Лилјана .

Русе ,син на Веско и Бона во брак Валентина  имат  две деца Мирјана и Стефан.

Горан син на Веско и Бона во брак со Жаклина има две  деца Дени и Ангела.

Лилјана ,ќерка на Веско и Бона омажена во Миладиновци за Миладин има ќерка Сандра и син Филип .

*Љуба ,ќерка на Мијалко  и Санда во брак со Насе имале три деца :Дафинка,Снежана и Драган.

Рајна ,ќерка на Мијалко и Санда омажена во Мршевци

*Иван ,вториот син на Васе и Ал’тна  бил оженет со Софијанка посиниле дете Александар,кој се оженил со Љупка и имаа две деца Валентина и Цане.

Потесното семејство на Санде Велиновски на свадбата на Боре и Соња

*Санде, третиот син на Васе и Ал’тна   во брак со Денкија  имале три деца: Цветанка,Зорка и Боре.

Цветанка ,ќерка на Санде и Дена се омажила за Станимир-Мицко Стојковиќ во Илинден имаа едно дете Миле (1986-2016)

Миле ,син на Цветанка и Станимир оженет со  Силвана има една ќерка Мила.

Боре ,син на Санде и Денкија во брак со Соња од Кадино имаат две деца Ивана и Марија

Ивана ,ќерка на Боре и Соња во брак со  Симон  Боцески има  две деца,Јаков и  Бисера.

Марија ,ќерка на Боре и Соња омажена за Љупчо има две ќерки Лена и Јана.

СЕМЕЈСВО НА МИЛЕ ВЕЛИНОВСКИ ,СИН НА ДИМЧЕ ВЕЛИНОВСКИ

*Димче,четвртиот син на Васе и Алтна во брак со Стана имале три сина: Методија-Мичо, Славче и Миле и две ќерки Рада  и Ленче.

Методија-Мичо син на Димче и Стана во брак со Павлина имаат две ќерки Татјана и Маја

Татјана ,ќерка на Методија-Мичо и Павлина во брак со Горан има два сина Иван и Александар.

Иван ,син на Татјана и Горан во брак со Кристина има ќерка Ина.

Маја  ,ќерка на Методија-Мичо и Павлина во брак со Златко  има две деца Оливера и Видан.

Славче син на Димче и Стана во брак со Љуба има две деца син Игор и ќерка Светлана.

Игор, син на Славче и Љуба во брак со Дејана има  две деца Миа  и Матеа .

Светлана ,ќерка на Славче и Љуба омажена е за Маријан има ќерка Софија .

Софија, ќерка на Славче и Љуба  во брак со Андреј  има две ќерки Бела и Дора.

Миле ,син на Димче и Стана во брак Вера има две ќерки Даниела и Македонка.

Даниела ,ќерка на Миле и Вера  омажена е за Тони има две деца Ивана и Иван

Ивана, ќерка  на Даниела и Тони во брак со Дејан има ќерка Клара.

Македонка ,ќерка на Миле и Вера омажена е за Зоран има две деца Лука и Мелани.

РАДА ќерка на ДИМЧЕ ВЕЛИНОВСКИ со сопругот ТОДЕ и керката

Рада ,ќерка на Димче и Стана во брак со Тоде има две деца Јовица и Елизабета.

Јовица син на Рада и Тоде има две деца Никола иТеодора.

Никола ,синот на Јовица е во брак Марија има две деца Дарија и Марко

Елизабета ,ќерка на Рада и Тоде во брак со Горде Пешевски има две деца Антонио и Маја.

Антонио ,син на Елизабета и Горде имаат ќерка Мила .

Маја ,ќерка на Елизабета и Горде во брак со Александар  од Ѓорче имаат син Лазар.

Ленче ,ќерка на Димче и Стана  во брак со Стефан имаа две деца (Ивица )и Душко.

(Ивица) ,син на Ленче и Стефан бил женет со Ирена и имаа две деца Стефан и Елена.

Душко ,син на Ленче и Стефан во брак со Тања има две деца Јован и Мартина

*Киро,петиот син на Васе и Ал’тна во брак со Стојна имаа два сина (Васко)и Бранко,( Миланче)и две ќерки Драгица и Весна.

. –Васко ,син на Киро и Стојна во брак со Драгица имаа син Марјан и ќерка Билјана.

Марјан ,син на Васко и Драгица во брак со Билјана има три деца Марко,Дарјан и Дарија.

 Билјана ,ќерка на Васко и Драгица во брак со Гоце има две деца Илија и Данил.

Бранко,син на Киро и Стојна во брак со Вера има син Киро и Александра .

 Киро ,син на Бранко и Вера оженет со Бети има две деца Михаела и Лука.

Александра ,ќерка на Бранко и Вера во брак Владо има два сина Леонид и Максим.

Драгица ,ќерка на Киро и Стојна во брак со Цане Антовски од Илинден има две ќерки Горица и Маја.

Горица ,ќерка на Драгица и Цане мажена е за Чедомир Ристовски и имаат два сина Христијан и Димитар.

Христијан, син на Горица и Чедомир има син Давид

Димитар, син на Горица и Чедомир има син Калин

Маја ,ќерка на Драгица и Цане во брак со Тоше Атанасовски имаат две деца син Дамјан и ќерка Анастасија.

Весна ,ќерка на Киро и Стојна во брак со Слободан од Мралино има две деца Мирослав и Теодора.

Мирослав,син на Весна и Слободан оженет со Марина има две деца Ангел и Кристијан.

Теодора ,ќерка на Весна и Слободан омажена во Нови Сад.

Куќна слава  на родот Велиновци  е “Св. Арангел“

Податоци за родот добиени од: Мarjan Velinovski,Јовица Гошевски,Ивана Велиновска,Ivan Markoski,потомци на родот.

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци. На Ваше  укажување  објавата ќе биде  корегирана, дополнета со текст и фотографии  или отсранет спорниот дел за кој се приговара, за  текстот или фотографиите .Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.Припремил-Драги Ангеловски

Претходниот артикал,Наставникот Ацо Симоновски со своето 5-А
Следната статијаВелики Понеделник –Страстна Седмица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука