НА ДЕНЕШЕН ДЕН-21 ЈУНИ

0
69

*21 јуни е ден на Охридското Езеро

*21 јуниј 1923 година, во Д’мбени, Костурско,роден е Васко Караџа  автор на „Современиот грчко-македонски речник“Васко Караџа– почина на 9 февруари 2005. во Скопје. Македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.Васко Караџа е родум од селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија (денес северна Грција). Во 1946 г. се приклучил кон Демократската армија. Во 1949. тој заминува како политички емигрант во тогашна Југославија и потоа, по личната перипетија низ државите на Источна Европа – СССР, за подоцна, во 1963. година да се пресели во Скопје, во тогашна Социјалистичка Република Македонија.

*21 ЈУНИ 1949 ГОДИНА ВО ФИНАЛЕТО ВО СКОПЈЕ ГО ПОБЕДИЈА „РУДАР“ ОД ТРБОВЛЕ СО 2:1, СО ГОЛОВИТЕ НА ВАСКО ИВАНОВСКИ-ПИЛЈАР И ХАРИ МИНОВСКИ.
МЛАДИНСКАТА ЕКИПА НА ВАРДАР КОЈА ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО ВО ЈУГОСЛАВИЈА ВО 1949 ГОД.
Од лево на десно: МИЛЕ МИЛАНОВ, ТОМЕ ДИМОВСКИ, БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ХАРИ МИНОВСКИ, ДРАГАН АТАНАСОВСКИ, СЛАВКО ДАЦЕВСКИ, БРАНКО ДАВИДОВСКИ, ВИДАН ХРИСТОВСКИ, ВАСКО ИВАНОВСКИ, ТОДЕ ГЕОРГИЕВСКИ И ДИМЕ АРСОВ

*21 јуни 1954.- Во с. Слатино, Охридско, е роден Бранко Цветкоски – поет, литературен критичар, публицист, преведувач и издавач. Бил новинар во „Нова Македонија”, главен уредник на Книгоиздателството „Култура“, секретар на ДПМ, претседател на „Рациновите средби”, директор на МНТ, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач на ИК „Макавеј“. Член е и на Македонскиот ПЕН центар, почесен член на Сојузот на бугарските писатели и член и кординатор за Македонија на Славјанската литературна и уметничка академија од Варна. Автор е на триесетина книги поезија, критика и есеистика и на четириесетина преведени и препеани книги од странски автори, главно од словенските јазици. 

*21 јуни 1994.- Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

*21 јуни 1994г. извршен е попис на населението во Македонија.

*21 јуни 1996.- Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

 *21 јуни 2001, македонските сили ја почнале офанзивата во селото Арачиново. Биле уфрлени дел од Шестиот одред и специјалната единица на МВР и тоа вдолж каналот од правецот на Сингелиќ (Ченто), а еден тенковски вод ТТ-370 навлегол од селото Брњарци при што Арачиново било надвишено од северната страна. Неочекувајќи напад од Брњарци и Ченто, терористите не дале голем отпор, при што македонските сили навлегле во Арачиново се’ до гробиштата, а терористите се повлекле и почнале со засилување на одбраната кај новата џамија. Борбените дејствија траеле се’ до 25 јуни во 13 часот, кога по наредба на македонскиот претседател и врховен воен командант, Борис Трајковски, воените активности биле прекинати поради состанокот со високи лица од НАТО и ОБСЕ, со претходен контакт и договор со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Претходниот артикал,Јовица Видаковиќ со своето прво одд.
Следната статијаЦрковен храм Св.Пророк Илија-Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука