* 20 јули 1947 година, пред киното “Вардар”, на денешна улица Македонија, голем број спортисти, спортски работници, љубители на спортот, општествено-политички работници… Со големо возбудување присутните се подготвуваат на еден значаен настан во историјата на спортот во Скопје и пошироко во Македонија, одржување на основачкото собрание на кое треба да се фузионираат двете најсилни друштва во Скопје: Македонија и Победа. Се усвојува дневниот ред, а потоа присатните делегати носат одлука за обединување на двете друштва и се формира СД “Bардар”. За прв претседател е избран познатиот општествено-политички и спортски работник, Димче Беловски.

* 20 јули 1878 –роден е Петар Манџуков, македонски револуционер, просветен работник, анархист, учесник во четата на Гоце Делчев, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм`штение“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“ ценет автор на мемоарска белетристика. Петар Манџуков потекнува од скопското село Мирковци на Скопска Црна Гора. Внук е на митрополитот Натанаил Охридски и Пловдивски од село Кучевиште (познат како Натанаил Кучевишки или Натанаил Зографски). Главинов..Почина на 1 јануари 1966г.
* 20 јули 1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Косинец, Костурско, и го малтретираше населението. Притоа уапси осум младинци и две жени. Повод за тоа беше кинењето на повикот за мобилизација и зборувањето на македонски јазик. Истовремено, една грчка воена единица го опколи македонското село Владово, Воденско, со цел со сила да ги натера Македонците да потпишат декларација дека се Грци и дека го сакаат кралот. Малубројните селани кои се најдоа во селото, штом разбраа за намерата на грчката единица, избегаа во планина.
* 20 јули 1969.- Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со астронаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“. Настанот беше пренесуван речиси од сите светски ТВ куќи.


* 20 јули 1976.- Американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Викинг 1“ се спушти после 11 месеци летање на Марс и почна да испраќа на Земјата јасни снимки од оваа планета.

* 20 јули 1997.- Умре Лилјана Чаловска, македонска писателка. Автор е на книгите „Бдение за Виетнам“, „Антидневник“, „Пребир“ и други. Родена е во Софија, во 1920 година.