*22 јуни 2016 беше отворена новата туристичка атракција „Македонско село“ лоцирана во село Нерези денеска и официјално е отворена за посетителите. Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра.Две години по отварањето на комплексот “Македонско село“ во октомври 2018 беше затворено и престана да работи.
* 22 Јуни 168 г. Пред Нашата Ера, Римјаните ги поразија Македонците во битката кај Пидна и Рим ја покори македонската империја која владееше со дотогаш познатиот антички свет над 150 години, од времето на Александар Македонски 327 П.Н.Е., па се до поразот кај Пидна 168 П.Н.Е. Тоа беше крај за една империја (македонската) и почеток на друга (римската).
*22 јуни 1904.– На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата водеа тешка борба против турската војска. Во судирот загинаа голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко Арсов (роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17 август 1878 година),Исто така во оваа битка Атанас Бабата беше тешко ранет. Турската војска имаше 60 загинати и многу ранети војници.
*22 јуни 1633г Галилео Галилеј бил осуден на доживотна робија ,која подоцна била преиначена во куќен притвор,а неговте дела биле осудени како опасни за религијата.Осуден бил само за тоа дека тврдел дека Сонцето е центар на светот и дека тоа мирува ,а дека земјата нее центар на светот и дека таа се движи.
*22 јуни 1874.- Воспоставена е првата телефонска врска помеѓу Бразил и Европа.
*22 јуни 1913.– Во Санкт Петербург излезе првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на приврзаниците на независна Македонија. Списанието излегуваше на руски јазик. Само песната „Крали Марко“ во бр. 9/1914 година е на македонки јазик, мијачки дијалект.
Издавач на списанието беше Димитрија Чуповски. Списанието престана да излегува на 3 декември 1914 година, заклучно со бројот единаесет.
*22 јуни 1941 година армијата на нацистичка Германија упадна во Советскиот Сојуз и ја започна воена операција варвароса. На Советската почва навлезе со 159 германски дивизии, 42 сојузници, 3,9 милиони мажи со 600.000 моторни возила на 2900 километри од Ова претставува најголемата инвазија во воената историја до денес. Поклон до сите загинати скоро 30 милиони советски граѓани кои ги дадоа своите животи за ослободување на Европа.
*22 ЈУНИ 1943 година, во село Лавци, Битолско е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Лавци на 15 јули 1923 г. Потекнувал од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. На 25 ноември 1942 г., се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а подоцна и во одредот „Јане Сандански“. На 22 јуни 1943 г., кога селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.
*22 јуни 1960 –роден е Драган Спасески — македонски поет и сликар.
*22 јуни 1980 –роден е Атанас Николовски — македонски кајакар.
*22 јуни 1999.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија. Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.