НА ДЕНЕШЕН ДЕН -9 ЈАНУАРИ

0
113

* 9 јануари 1914.- Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник е во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а беше и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умре во Скопје, на 12 ноември 1973 година.

* 9 јануари 1909.- Во Прилеп е роден Рампо Левков – Левката, народен херој на СФР Југославија, од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често беше затворан. Од есента 1941 година живееше и дејствуваше полуилегално и со голем успех работеше на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, беше убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.

*9 ЈАНУАРИ 1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело извршило големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умрел во Скопје, на 28 септември 1914 година.

 

* 9 ЈАНУАРИ Во 1943 година во село Горно Оризари, Велешко, е убиен Благој КИРКОВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Велес на 23 март 1923 г. Потекнувал од стара велешка трговска и револуционерна фамилија. По завршувањето на основното училиште, образованието го продолжил во Велешката гимназија. Тука припаѓал на напредното младинско движење и како ученик во Четврти клас, членувал во илегалното друштво “Правда”, кое водело борба против големосрпскиот образовен режим во гимназијатаВо текот на 1941 и 1942 г. ги раководел акциите против носењето на бугарски ученички униформи и зборувањето на бугарски јазик во училиштето. Тој бил еден од главните организатори на штрајкот на учениците од гимназијата од март 1942 г. поради што, со уште четворица соученици бил исклучен од гимназијата. Во почетокот на есента на 1942 г., бил избран за член на Месниот комитет на СКОЈ во Велес. Во 1942 г. заминал во редовите на Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов”. Бил борец на Првата чета со која дејствувал од левата страна на реката Тополка, на север кон Скопје. Учествувал во нападите на селата Количани, Алданци, Палиград и други места, од септември и октомври 1942 г. Во почетокот на јануари 1943 г., во близината на селото Зелениково, Скопско, неговата чета паднала во заседа на бугарската војска и полиција и во борбата што се развила тој бил ранет. Во обидот да се префрли во Велес на лекување, иако ранет, без очила, што ги изгубил во текот на борбата, успеал да помине повеќе десетици километри и да дојде до селото Горно Оризари, Велешко. Меѓутоа, бил поткажан на бугарската полиција, која го фатила и на yверски го убила. Посмртните останки по ослободувањето му биле погребани во Спомен-костуриицата во Велес.

* 9 јануари 2015.- На 77-годишна возраст во Тирана почина Цветан Мазнику, првиот претседател на Македонската заедница во Албанија и еден најголемите поборници за правата на Македонците што живеат во оваа земја. Цветан Зафир Мазнику, роден е во 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Драч а дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург. Две децении работел во рудникот во Подградец, а исто толку и во Институтот за истражување во Тирана. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо. Автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо. Како еден од основачите на македонското друштво “МЕД” на почетокот на 90-те години на минатиот век и првиот претседател на Македонската заедница во Албанија даде голем придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на националниот идентитет. Заедно со други Македонци издадоа шест книги „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија.

* 9 јануари 2019 во 84-та година од животот,  почина Милан Панчевски, долгогодишен општествено-политички работник во Социјалистичка Република Македонија и поранешната југословенска федерација.Панчевски во својот работен век извршуваше повеќе одговорни високи државни функции на републичко и на тогашно сојузно ниво. Тој беше последниот претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на СФР Југославија.По осамостојувањето на Република Македонија, се пензионира и се повлече од активното занимавање со политика.

Претходниот артикал,Св. Стефан
Следната статијаВечер старт на македонската репрезентација

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука