НА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 АВГУСТ

0
759

* 23 август 1929 година, после големите дождови кои ја зафатиле цела Македонија, почнувачќи од 21:30 часот, па до зора, Скопје преживеоало една тешка катастрофа, каде освен онаа од 1962 година, Скопје нема забележано таква поплава во последните 100-150 години. Додека „модерниот“ дел на градот (десно од реката Вардар), во кои се наоѓале голем број на јавни локали, „уживал“ во разладената температура која го предизвикал дождот, стариот дел и периферијата на градот, каде воглавно живеело сиромашно население, биле жртва на незапаметена поплава која се слила од околните ридови на Скопска Црна Гора. Претходниот ден, густи облаци се формирале над селата: Кучково, Никиштане, Грчец, Волково, Бразда, Глуво, Мирковци, Кучевиште, Бродец, Љубанци, Побожје, Љуботен, Радишани и Бутел, па се до Булачани, каде што ја и предизвикале поплавата.Во Скопје биле поплавени  многубројни дуѓани на тогашните трговци, ги наполнила нивните подруми до 1,5 метри вода, а во многу тогашни „магази“ т.е. магацините ја упропастила робата, нанесувајќи голема материјална штета,а  во Скопје, 800 до 1000 куќи, дел биле срушени.

* 23 август 1926 година.,во Сисак родена е Ана Липша –Тофовиќ, таа на 4 август 1961 година влегла во историјата на македонската култура со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што било означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“.

* 23 август 1903 година широка агитација за популаризирање на Илинденското востание во Србија развила Српската социјалдемократска партија. Биле организирани митинзи во Белград и внатрешноста

* 23 август 1962.- Американскиот телекомуникациски сателит Телстар за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД – Европа.

* 23 август 1990.- Источна и Западна Германија за 3 октомври истата година најавија обединување на земјата

Претходниот артикал,СТАРТ НА ФК КАДИНО во ВМФЛ – Зaпaд
Следната статијаФеудалната или Беговската кула

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука