НА ДЕНЕШЕН ДЕН 9 МАРТ

0
125

-9 март 1924.- Во Гостивар е роден Панче Поповски, народен херој на Југославија, од Македонија. Загина во борба против германските и балистичките сили кај селото Татар Елевци, Дебарско, на 9 јули 1944 година.

–  9 март 1814 – 10 март 1861 ,роден е Тарас Григорович Шевченко— познат украински писател.Роден е во с. Моринци, Киевска губернија, во тоа време дел од Руската империја. Бил член на Братството на Кирил и Методиј. По обвинувањето во антидржавна дејност бил во затворен во Оренбург (1847-1857). Неговиот „Завет“ е преведен на голем број јазици, а на македонски го има преведено Блаже Конески. Тарас Шевченко е најголемата фигура во украинската книжевност.

-9 март 1852.- Во селото Лазарополе, Гостиварско, е роден Исаија Мажовски, борец за ослободување на Македонија од турското владеење. Умре во Софија, во 1926 година.

 – 9 до 11 март, 1917 Во првата светска војна на македонскиот фронт од отровен гас кој го употребиле Германците во Битола од 9 до 11 март ,загинаа 550 лица, претежно жени и деца.

-9 март 1934.- Роден е Јуриј Гагарин, советски космонаут. Тој е првиот човек кој изврши космички лет во вселената (12 арпил 1961 година), по што, по 108 минути престој, успешно се спушти на Земјата по поминати 41.000 км. Загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.

-9 март 1945 година во рамки на т.н. АГИТПРОП во Кавадарци  пуштена е во работа првата Разгласна станица. Целта  била да се информира населението од Кавадарци за сите позначајни настани во земјата и во светот. Разгласната станица имала еден засилувач(појачало) и еден микрофон, на кој биле поврзани два звучника од по 50 вати. Едниот звучник бил поставен на градскиот плоштад, а вториот  во  т.н.“Дарданелското Маало“.

– 9 март 1966 година  формиран е КК МЗТ Скопје Аеродром  ,од страна на група ентузијасти предводени од првиот претседател Миле Меловски. Првите чекори се направени на асфалтното игралиште во населбата Автокоманда, каде што веднаш се зачлениле завиден број младинци. За само две години, новиот тим стана член на тогашната Македонска лига во склоп на СФРЈ, а во периодот помеѓу 1970 и 1974 година беше шампион во оваа конкуренција добивајќи право за настап во квалификациите за Втората југословенска лига.  МЗТ Скопје Аеродром сега може да се пофали со шест шампионски титули (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017), девет трофеи во Купот на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016 и 2018) како и три во Суперкупот (2004, 2015 и 2016), но и со илјадници репрезентативци во сите возрасни категории. МЗТ Скопје Аеродром изминативе шест сезони е редовен учесник во регионалната АБА-лига со најдобрите клубови на просторот на поранешна СФРЈ.

-9 март 1995.- Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.

Претходниот артикал,Осмомартовска прослава во 80-те
Следната статијаЛегенда за ВРБА-МАЦА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука