* 26 ноември 2017 г. во Црковниот храм Свети Петар и Павле во АЈВАТОВЦИ, се одржа прва венчавка ,се венчаа Мартин Митевски и Соња Арсовска од Ајватовци.Честа да го венчаат првиот брак им припадна на свештените лица Александар Најдовски и Александар Стојановски.
Првата венчавка во овој свет храм со божја воља и благосов, овој брачен пар веќе има три сина,после првиот Господ им даде уште два сина близнаци.

Инаку манастирскиот храм зозапочнал да се гради на 10 јуни 1992 година во пресрет на верскиот празник посветен на Св.Петар (Петровден),ден кој месното население го слави и како селска слава.Црковниот храм „Св.Петар и Павле“изграден е на место на кое постоело камен крст кришум поставен од месното население за време турско.На тоа место месното население си ги вршело сите потреби од овласта на верските обреди ,од крштевки ,па се до венчавки и друго.

* 26 ноември 1966.- Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“

*26 ноември 1919 год. во Тетово, роден е ЃОЦЕ СТОЈЧЕВСКИ – АМБАРЧЕ
Поради немаштијата, Ѓоце завршил само основно училиште, и потоа останал да му помага на својот татко во влачарницата за волна.
Чувствувајќи ја неправдата кон Македонците, младиот Ѓоце започнува да се дружи со револуционерната младина во Тетово.
На почетокот на 1941 станува и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Тетово.
Ѓоце работел и на подготовки за вооружена борба во тетовскиот крај, а неговиот дом станал собиралиште на идните македонските партизани во Тетово и тетовско.
Во јули 1941 движејќи се кон Скопје, бил уапсен на граничната област меѓу двете окупациски зони и кај него италијанските војници нашле партизански летоци и илегални материјали.
Веднаш бил однесен во затворот во Тетово каде бил мачен, но не признал ништо и не издал никого. Поради тоа од Тетово бил префрлен во затворот во Тирана, Албанија.
После неколку месеци е пуштен од затвор и се вратил во Тетово, каде продолжува со својата револуционерна дејност. Во Тетово во тоа време доаѓа и Кузман Јосифовски Питу, со задача да формира партизански одред.
На почетокот на април 1942, е формиран Шарпланинскиот партизански одред, но главен проблем било тоа што одредот бил слабо вооружен. Ѓоце станува политички комесар на одредот.
Во 1943 год. Шарпланинскиот партизански одред се судира со побројни балистички сили во близина на селото Шипковица, Тетовско. Во борбите Ѓоце бил ранет и заробен. Повторно бил однесен во Тирана, каде сега бил осуден на 15 години затвор.
Во затвор бил се до капитулацијата на Италија во септември 1943, кога затворениците во Тирана биле ослободени и Ѓоце повторно се враќа во Тетово, каде пак продолжува со револуционерната дејност, организирајќи нови партизански борци за префрлање во партизанските одреди.
Во септември 1944, Третиот тетовски одред одред престојувал во гостиварското село Беличица.
Рано наутро на 19 септември 1944, околу 300 добро вооружени балисти предводени од Аѓим Речани го опколиле и нападне селото Беличица.
Само 12 партизани успеале да го пробијат обрачот и да се спасат од балистите.
Меѓу загинатите со неполни 25 години, својата младост за слободата на Македонија ја положува и Ѓоце Стојчевски – Амбарче. На 11 октомври 1953 Ѓоце Стојчевски е прогласен за народен херој на Македонија.
* 26 ноември 1966.- Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“
* 26 ноември 1924.- На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.
* 26 ноември 1983.- Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот “Нова Македонија”. Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката “Правен советник”, преку која весникот “Нова Македонија” директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства.
* 26 ноември 1986.- Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот “Нова Македонија” – “ЛИК”.
* 26 ноември 1968г.роден е Андреј Жерновски — македонски политичар..
* 26 ноември 1991.- Беше пуштен во употреба автопатот Велес – Градско.

* 26 ноември 2004 во Скопје вчера проработи првиот сончев и песочен часовник, поставен на фасадата на Природонаучниот музеј на Македонија. Часовникот е иновација на Коља Асенов, географ и професор по астрономија. Часовникот има форма на тристрана призма и тежи 150 килограми. Направен е од челик, месинг и бакар, а висок е два метра а во следните 500 години нема да престане да работи. За овој пронајдок Асенов добил и неколку награди и признанија во земјава и во странство. Овој часовник е универзален, бидејќи, иако е направен во Скопје, може да се постави на кое било место во светот и да го мери времето. На него се отчитува реалното физичко време, со точност од плус-минус 15 минути. На него е поставен и песочен часовник, кој ги отчитува неделите, месеците и годините, а времето го пресметува според речиси сите постојни календари: христијанскиот, еврејскиот, мухамеданскиот и календарот на Маите.










































