НА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 МАРТ

0
93

– 23 март 1906 ,погинал Ѓорѓи И. Сугарев, – бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола, а учителствувал во Кичевско и во Битолско. Учесник во македонското револуционерно движење. Дејствувал во четата на Никола Русински во 1901 година. Бил секретар на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуцуинерна организација. Како окружен војвода и делегат од Битолскиот крај учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Како горски начелник на Пелистерскиот реон и ревизор на четите во Битолско, Ресенско и Демирхисарско учествува во Илинденското востание во 1903 година, а во 1904 година учествува и на Прилепскиот конгрес. Загинал речиси со целата чета во борба со османлиската војска над Параловскиот Манастир во 1906 година. Некогашниот битолски учител Сугарев, е еден од најопеаните илинденски јунаци и еден од најблескавите и најхрабрите македонски синови.

-23 март 1940г. роден е Ристо Шишков  во Мрсна, Демир-Хисарско, Егејски дел на Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува. Завршува Академија за театар во Белград. Во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. По двегодишната работа во Југословенско драмско позориште во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар. Станува еден од најдобрите глумци во Македонија и пошироко. Но во 1979 година, доаѓа во конфликт со тогашните власти, Шишков дава се од себе за да ја докаже и покаже Македонската Вистина, но по кратка постапка на 15 јануари во 1980 беше приведен и затворен , а потоа, измачуван, тепан и почина на 17 јуни 1986 година во Скопје.

-23.март 1901 година се случи Тиквешката афера.Тиквешката афера е настан ,кога турските власти преземаат голема акција во Кавадарци и девет села во кои е пронајдено оружје по што биле извршени големи апсења.Во Ресава се уапсени 22 селани, Бегниште-20, Грбавец-15, Мрзен Ораовец-20, Чемерско-10, Сирково-5, Бошава-8, Галиште-10, Бојанчиште-15 и Кавадарци 18 луѓе. Сите биле однесени во Еди Куле во Солун каде се осудени на казна затвор од 3 до 101 година.Неколкумина од затворените не можејќи да ја издржат тортурата се самоубиле.

-23 март 1955г. родена е Вера Велјановска –Атлетичар ,Битолска и Македонска атлетска гордост ,брзоногата ГАЗЕЛА,настапи ширум Македонија,Југославија и Светот.Учесник на 3 балкански првенства,на 3 европски првенства,има соборено 2 држвни рекорди 5 пати југословенска шампионка,со  освоени 35 медаљи од кои 17 златни ,15 сребрени и 5 бромзени

-23 март 1992 Последниот војник на некогашната ЈНА ја напушта територијата на Република Македонија.

– 23 март 1994.- Министерството за односи со странство на Република Македонија преку амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.

-23 март 1994.- Во Скопје е одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар меѓу фудбалската репрезентација на Република Македонија и фудбалската репрезентација на Република Словенија. Резултатот беше 2:0.

-23 март 1997 Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година – „Спасител ’97“.
-23 март 1997 Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
23 март 2001.- Во Скопје, во издание на „НИК ПРЕС“ ДОО, е промовиран првиот број на неделниот магазин „Актуел.“

Претходниот артикал,„БЕЈТОВЦИ“-Илинден
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН – 24 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука